Ви се истури црвено вино на килимот, вашиот мебел го изгуби сјајот, ви капна восок од свеќа не очајувајте овие совети ќе ви помогнат да се справите со сето тоа без многу труд и сигурно ќе ви го олеснат домаќинскиот живот. Оржувањето на домот беспрекорно чист и уреден, може да биде мошне тешко. Уште потешко е ако не знаете да се справите со извалканиот килим, замачканите прозорци, дрвениот мебел кој нема сјај и што ли уште не.
Дамки од црвено вино?
На секој може да му се случи да му се истури црвено вино на тепихот. И тогаш сите ги фаќа паника дека дамката нема никогаш да се исчисти. Нема потреба од тоа. Најпрво со некое памучно крпче впијте го вишокот вино. Потоа врз црвената дамка истурете сол, оставете да делува 5 минути и на крајот исплакнете со студена вода. Ако е потребно, повторете ја постапката додека не се исчисти дамката.
Ви падна јајце на подот без паника, кренете го со овој трик?
Ако не сакајќи ви падне живо јајце на кујнскиот под и не знаете како да се справите со нередот – не грижете се, имаме решение за вас! Истурете сол врз јајцето на око кое требаше да биде ваш оброк и оставете така да стои 20-тина минути. Потоа лесно ќе можете да го исчистите.
Дезинфицирајте ги детските играчки?
Децата си играат буквално низ секое ќоше од домот и нивните играчки се полнат со безброј бактерии. За да го заштитите вашето дете, внуче, братче или сестриче од разни инфекции, измешајте 4 супени лажици сода бикарбона во 950 мл вода и со добиениот раствор избришете ги играчките.
Восок од свеќи?
Сите сакаме за некоја посебна пригода да ставиме елегантна свеќа на трпезата која ќе создаде убава атмосфера за присутните гости, меѓутоа домаќинот воопшто не е среќен кога ќе ги види восочните капки врз омилениот чаршав. За да го спречите ова, ставете ги свеќите да седат во солена вода неколку часа и оставете ги целосно да се исушат пред да ги запалите.
Вратете го сјајот на мебелот?
Промешајте зејтин и лимонов сок во однос 2:1 и со добиената течност исполирајте го вашиот дрвен мебел и тој ќе свети.
Без проблем отстранете ги лепенките и етикетите од цени?
Потопете крпа во оцет и притиснете ја на налепницата неколку секунди. Тргнете ја крпата и етикетата би требало да се отстрани со лесно повлекување.
Вратете го сјајот на вашите бакарни садови?
Бакарот потемнува и потоа не изгледа добро, а со следниве трикови ќе успеете да му ја вратите свежината. Наполнете шише со прскалка од пола литар со раствор од загреан бел оцет и 3 супени лажици сол и испрскајте ги бакарните предмети. Оставете го растворот кратко да делува и потоа избришете. За да блескаат вашите бакарни садови, на една памучна крпа сипете кечап, премачкајте ги и оставете ги така една минута, а потоа исполирајте ги и исплакнете ги со вода. Киселината која ја содржи кечапот ќе помогне да ги отстраните дамките и да го вратите бронзениот сјај.
Исчистете ги жолтите дамки на дирки на пијано?
Можеби ќе ви звучи чудно, но ако ставите малку мајонез на дирките и оставите така да постојат 2-3 минути, а потоа ги исполирате со мека и чиста ткаенина, тие повторно ќе ја добијат својата природна бела боја.
Р'ѓа на славината од чешмата?
Потопете крпа или тоалетна хартија во бел оцет, замотајте ја чешмата со неа и оставете ја да делува 25 минути. Отстранете ја крпата, избришете ја чешмата и рѓата ќе исчезне.
Бигорот кој се насобрал на вашиот туш?
Водата содржи бигор и често се случува да се затнат дупчињата на тушот, кој притоа нема да испушта силен млаз. За да го исчистите вашиот туш, во поголемо тенџере загрејте бел оцет (не треба да зоврие) и ставете го тушот во него да седи 1 час. Потоа исплакнете и мисијата е завршена.
Исчистете ги вашите прозорци?
Измешајте еднакви количества вода и бел оцет во шише со прскалка и со подготвениот раствор испрскајте ги прозорите. Со крпа која не испушта влакненца или уште подобро со весник, избришете ги прозорите и тие ќе бидат идеално блескави.
Вратете го сјајот на алуминиумските садови?
Започнете со тоа што ќе излупите две јаболка. Ставете ги лушпите во алуминиумскиот сад кој сакате да го исчистите и во него сипете вода за да се покријат. Варете ја водата со лушпите неколку минути, сè додека не забележите дека нечистотијата од дното на садот почне да се вади. Тргнете го садот од рингла и оставете водата да се олади. Потоа измијте го садот, избришете го и ќе можете да се огледувате во него.
Отстранете масните дамки?
Имате мрсна дамка на вашиот омилен килим? Еве совет кој можеби ќе ви помогне да ја исчистите: во 70% алкохол ставете сол во сооднос 4:1. Со подготвената смеса бришете ја дамката во насока на влакната на тепихот. Оставете да се исуши и со правосмукалка вшмукајте ја солта која ќе остане на тепихот.
Неутрализирајте го чудниот мирис во машината за миење садови?
Најпрво извадете ги сите садови од машината. Потоа наполнете ја фиоката за детергент со сода бикарбона и пуштете ја машината да работи на празно. Непријатниот мирис ќе исчезне.
Како да ги заштитите вашите балконски столици од напукнување?
Ако столиците во вашиот двор се направени од ратан или од уште послаб мебел, на едно меко чисто крпче сипете растително масло и премачкајте ги за да бидат блескави и еластични. Оржувањето на домот беспрекорно чист и уреден, може да биде мошне тешко. Уште потешко е ако не знаете да се справите со извалканиот килим, за
_original.jpg)


