Исповед на прекрасна тинајџерка: Родена сум како девојче, но во тело со огромна маана

Џез Џенингс (14) е родена во тело на момче, но одсекогаш  се чувствувала како девојче. За нејзе е снимен документарец, инспирација е за писатели но и мотив на сите трансексуални лица да го променат полот  и да бидат она што сакаат.Кога Џез се родила, родителите ја крстиле Џејрон. Но, со растењето, девојчето во неа се повеќе доминирало, па така желбата за женски работи, играчки и гардероба, растела се повеќе.
Како што вели, знаела дека е девојче, па се повеќе се однесувала како и другите да знаат дека таа е девојче.

„Кога ќе дојде вилата да ми го промени половиот орган“, еден ден ја прашала својата мајка.
Колку што била постара, желбата во неа да го промени полот била се поголема, во што, за среќа, имала поддршка од семејството, но не и од оние кои ја опкружувале. На секој чекор ја чекале осуди.

 
Родители на други деца се виновни што била избегнувана на училиште, а таа сепак носела што сакала.
Почнала да се облекува како девојче и така да оди на училиште, а иако не можела да користи женски тоалет, го користела службениот  за да не оди во машкиот.
„Зошто  му дозволувате така да се облекува“ ги прашала нејзините родители мајка нa едно момче. Одговорот гласел: „Затоа што денес така сака“.

Џез земала хормон естроген иако имало опасност од остеопороза во подоцнежно доба.
Денес таа е убава млада девојка, среќна во своето тело. Сака во иднина да добие свое бебе, а нејзината сестра се понудила да биде сурогат мајка.
„Таа сака да има бебе во иднина, а јас не можам да сторам  ништо по тој повод“, се пожалила нејзината мајка.
Сепак, кој знае, можеби оваа храбра девојка ќе промени уште нешто.Кога Џез се родила, родителите ја крстиле Џејрон. Но, со растењето, девојчето во неа се повеќе доминирало, па така желбата за женски работи, играчк

Пронајдете не на следниве мрежи: