Јас сум дете на инцест и ова е мојата приказна

Рексан Џонс за своите 23 години ги преживеала  најморничавите работи. Сепак, оваа храбра девојка продолжува понатаму. Детството од пеколот го остава зад себе, сега живее обичен живот и подготвена е да им помогне на другите. Ова е нејзината приказна.Постојат многу малку луѓе кои ја знаат целата приказна за моето детство. Прејателите знаат делови- дека сум посвоена, дека моите родители починале, но не ги знаат и деталите.
Јас сум производ на инцест. Мојот дедо сексуално ја злоставувал мојата мајка, својата ќерка, со години, по што  останала бремена. Јас сум резултат на таа бременост. Тој е мој дедо и татко, а неговите седум деца се мои тетки и вујковци и истовремено мои браќа и сестри.
Со години мојата мајка трпела злоставување и молчела за тоа поради одвратниот договор со мојот татко: таа ќе молчи, а тој нема да ги допира другите ќерки.
Заминала од дома кога наполнила 18. Тогаш сфатила дека тој никогаш нема да си го оддржи ветувањето. Јас тогаш сум била родена.
Одлучила да го пријави. За да ги избегне непотребните прашања, моето семејство се изолирало од сите. По чудна случајност, мојата мајка отишла да го пријави дедо во исто време кога полицијата  ги пронашла двајцата нејзини исчезнати браќа кои побегнале од дома.
Брзо ги поврзале сите точки и сфатиле за што се работи.
Поминале шест месеци пред да почнат да ја прашуваат мојата мајка за моето потекло. Целото семејство тврдело дека забременила со  некој работник на одржавање на еден хотел, но социјалниот работник не се откажувал.
На крај признала дека сум дете на мојот дедо. Тестот на крв ја запечатил судбината на мојот дедо, а тој бил осуден на 20 години затвор поради сексуално злоставување и инцест.
За жал, тоа што мојот татко бил зад решетки, не значело дека сум сигурна.

Мојата мајка ја стигнало тогаш се, не можела да издржи и почнала да се дрогира. Исто така продолжил и циклусот злоставување.  Во тоа време имала момче, а јас сум била дел од нивните сексуални игри. Ме сликале и снимале и го продавале тоа како детска порнографија. Мојата мајка се обесила на 7-ми август 1996 година кога јас сум имала пет години.
Ме пратиле да живеам со баба ми, која била нем сведок на ужасот кој  нејзиниот сопруг, мојот дедо, го вршел над мојата мајка.

Таа не била психички стабилна, бидејќи мојата мајка ја доживувала како друга жена. И поради тоа редовно ме тепала и психички ме злоставувала. Кога и да сторев нешто што што ќе ја навреди, ми велеше дека сум „дете на Сатаната“.
Мојот бес беше огромен и засолниште најдов во дрогите и лекарствата за смирување. Остнав бремена со момчето од средно училиште кога имав 16 години.
Моето дете конечно ми го промени животот на подобро. Престанав да пијам и да пушам кога дознав дека сум бремена и се фокусирав тоа дете да има подобар живот од мојот.
Коа се породив, мојот син и јас бевме предадени на социјална служба. Не испратија во куќа, а социјалниот работник кој ни беше доделен беше истата жена која им помогнала на мојата мајка и браќата  пред толку години. Одлучи да ме посвои на 17 години.

 
Потоа, имав навидум мирен живот. Дипломирав, се омажив за својата средношколска љубов, таткото на моето дете. Добивме уште еден син, а мојот сопруг стана маринец.
Во текот на овие години, се борам со анксиозноста и депресијата. Дури бев и хоспитализирана на некое време по обидот за самоубиство.
Во менталната болница почнав отворено да зборувам за своите проблеми и да пишувам дневник. Пишував постојано, во мојата соба, за време на оброците. Се уште ги читам тие записи кога имам тежок ден, за да се потсетам какви лоши работи преживеав.
Денес сум разведена. Имам поддршка од неколку блиски пријатели.
Можеби де прашувате какво ми е здравјето со оглед на тоа што мојот дедо ми е татко.
Имам голем ризик за сите болести кои постојат во семејството на мојот татко бидејќи имам премногу негова ДНК. Се борев против рак на глото на матката два пати и затоа што моите зглобови не ми се развиле правилно, веќе имам артритис. Еден лекар ми рече дека сум 23-годишна жена во тело на 53 годишна жена.
Моите синови ми се мотив да продолжам понатаму. Ме научија како да бидам радосна. Сега тие имаат 6 и 4 години. Тие ме мотивираат да излезам од кревет, да одам на работа, да продолжам да се смеам. Циклусот злоставување престана со мене.
Поминав доста време во животот лута, бесна и огорчена. Но сега тоа е зад мене. Основав група за поддршка за луѓе како мене. Минатото е минато. Пред мене е сегашноста и иднината- мојата кариера, мојата надеж за љубов и секако моите прекрасни момци.Постојат многу малку луѓе кои ја знаат целата приказна за моето детство. Прејателите знаат делови- дека сум посвоена, дека моите родители починале,

Пронајдете не на следниве мрежи: