Сонагачи. Најголемиот кварт на црвени фенери во Азија. Овде секоја година доаѓаат по илјада жени за да работат во бордели.Сиромаштијата и бедата натерале многу девојки на ваков начин да преживуваат. Сепак, ниту жените кои се продадени во бело робје или на измама доведени во Калкута, за жал не се реткост. Се проценува дека во Калкута има нешто повеќе од 14.000 жени кои работат како проститутки. Тие живеат по бордели, работат, се хранат и ги растат своите деца.
Секоја од овие жени има своја приказна. Свој пекол со кој научила да живее, иако многу тврдат, колку парадоксално и да звучи, дека токму овде го пронашле својот мир.
Бина има 30 години. Била во брак со алкохоличар седум години.
„Ме тепаше секој ден. Останував со него само поради нашата ќерка. Денес водам поинаков живот, но не се каам поради тоа. Напротив“, вели Бина која се вљубила во свој клиент и со него започнала врска.
Денес е сексуална работничка која поради екстремното сиромаштво дошла во Сонгачи за да ги прехрани своите деца.
„Моите деца денес се свои луѓе. Завршија училиште и имаат добри вработувања. Да останев во својот сиромашен кварт немаше да можам да им пружам никакви услови. Опшеството на нас гледа со гадење, на „човечки отпад“, како што не нарекуваат. Но нам никој не ни пружил шанса. Моравме сами да се бориме“, објаснува Дас.
Работата со која се занимаваат овие жени е неверојатно тешка, а борбата која ја имаат со уличните банди кои постојано ги експлоатираат не стивнува. Сепак, многу жени кренале животен стандард на ова место.
Маја Банерје (72) поминала добар период од својот живот по бордели работејќи како проститутка. Поради староста повеќе не е во можност да води ист живот.
Иако повеќе не се занимава со проституција, Маја сепак бира да остане во Сонагачи, местото кое го смета за свој дом.
„Килограм риба секаде чини 160 рупји, но за истата намирница овде морате да издвоите 250. Тешко е, но овде имам свој дом“, вели таа.
Во Сонгачи делуваат и различни невладини организаци кои се трудат на разни начини да им помогнат на жените кои работат како сексуални работнички. Главно поради превенција на ширење на сида и други полово преносливи болести.
Иако проституцијата во оваа земја официјално е илегална, системот ја толерира, а сексуалната индустрија со години зема се поголем данок.Сиромаштијата и бедата натерале многу девојки на ваков начин да преживуваат. Сепак, ниту жените кои се продадени во бело робје или на и



