Можеби секојдневната комуникација со колегите ви изгледа безизлезно, но постојат реченици кои никако не смеете да ги изговорите, бидејќи би можеле да доведат до отпуштање.Business Insider објави листа на 10 навидум обични фрази, поради кои би можеле да добиете отказ.
1. Јас тука не можам ништо да направам
Оваа фраза звучи како да ја избегнувате работата и одговорноста.
2. Тоа не е чесно
Животот не е фер, пораснете. Направете го тоа што мора и продолжите понатаму.
3. Тоа е невозможно
Поради вакви изјави делувате неамбициозно. Ако доволно се потрудите сигурно можете да најдете некое решение.
4. Тоа не е моја работа
Без оглед на тоа дали нешто е ваша работа или не е, вакви обвиненија ги користат тие кои не се тимски играчи. Ако шефот ве замолил нешто да направите, тоа станало ваша работа.
5. Знаете што ми се случи вчера…
Во ред е да се пожалите на колегата во текот на паузата за ручек, но поради јавно изнесување на проблеми можете да заработите отказ.
6. Платата е мизерна
Ако не сте задоволни со платата, шефот или колегите, бидете тивки, продолжите да работите и побарајте некое подобро решение.
7. Мојата фирма е ужасно место за работа
Било да станува збор за Фејсбук, Твитер или Инстаграм, немојте да мислите дека работодавецот не проверува што се зборува за него на социјалните мрежи.
8. Не сум доволно платен за ова
Поради вакви изјави излегувате мрзливец, кој не ги цени шансите кои ви се пружени. Ако мислите дека заслужувате покачување, одработете го тоа професиоанално.
9. Ќе се обидам
Оваа изјава открива недостиг на самодоверба кога се работи за фаќање во костец со новите работни предизвици.
10. Изгледаш уморно
Не е примерно да се коментира изгледот на колегата. Ако немате да кажете нешто позитивно, подобро молчете.Business Insider објави листа на 10 навидум обични фрази, поради кои би можеле да добиете отказ.
1. Јас тука не можам ништо да напр



