Ден Прајс, основач и директор на една компанија од Сиетл, во април годинава јавно објави дека во неговата компанија никој нема да има плата помала од 70.000 долари годишно.По објавената вест, еден од вработените му рекол на Прајс дека покачувањето на платата ќе му овозможи почесто да патува за Порторико, бидејќи таму живеат неговите родители. Некои од вработените биле благодарни, бидејќи со покачувањето на платата добиле шанса да ги покријат кредитите и да овозможат проширување на семејството.
Но, не биле сите среќни. Вработените, кои во компанијата се уште од самиот почеток, сметале дека не е фер штотуку вработените да добијат толкаво покачување, додека вработените со долгогодишно искуство имаат благо зголемување.
Мејси Мекмастер, вработена во компанијата, изјавила дека покачувањето на платата го добиле оние коишто имаат најмалку искуство и вештини при извршувањето на задачите.
Таа дури предложила на новите вработени да им се даде мало покачување за да им се остави можност за унапредување со тек на време.
Како што пренесува „Тајмс“, некои од вработените што добиле покачување сега се загрижени бидејќи имаат повисока плата отколку што заслужуват.По објавената вест, еден од вработените му рекол на Прајс дека покачувањето на платата ќе му овозможи почесто да патува за Порторико, бидејќи таму



