Ете, и тоа е можно- заборавате да пуштите вода зад себе во тоалет, и го доживувате најголемото изненадување во животот! Се што ви е потребно е досетлив сопруг и кој не е многу гадлив.Сем Рајдер (29) и неговата сопруга Ниа (26) задно се од средно училиште и имаат две деца. Сем дознал дека ќе стане татко два пати на традиционален начин- директно од идната мајка. Затоа, кога се посомневал дека неговата сопруга е повторно бремена, одлучил овој пат тој да ја изненади неа.
Искористил тест за бреманост и фактот дека Ниа често заборава да пушти вода зад себе во тоалет. Потоа ја снимил нејзината реакција кога и соопштил дека по трет пат ќе стане мајка.
„Сонував за тоа дека ќе и соопштам дека е бремена. Таа ноќе постојано оди во тоалет, бидејќи има мала бешика, но не пушта вода, бидејќи се плаши да не го разбуди бебето“, рекол овој, на некој начин чуден, романтичен сопруг.
И така, додека другите мажи купуваат ружи за да ги изненадат, тој среде ноќ станал и отишол во тоалет да собере примерок од нејзината урина. Ништо чудно.
Како што се сомневал, испаднало дека навистина е бремена, а нејзината реакција го воодушеви целиот свет. Погледнете и уверете се сами.
Ете, сега знаете како и урината може да биде романтична.
Сем Рајдер (29) и неговата сопруга Ниа (26) задно се од средно училиште и имаат две деца. Сем дознал дека ќе стане татко два пати на традиционален



