Останала „трајно“ бремена: Веќе 17 месеци има труднички стомак

Нина го родила четвртото дете и потоа ѝ останал стомак од кој веќе со месеци не може да се ослободи. Сите мислат дека е во девети месец.Британката Нина Мулхал (32) своето последно дете Ислу го родила пред 17 месеци, но и понатаму има труднички стомак. Верува дека е така поради царскиот рез. Докторите направиле бројни анализи но и понатаму не можат да ја објаснат нејзината состојба.
„Луѓето кои ме среќаваат ме прашуваат кога ќе родам и прекорно ме гледаат кога пијам алкохол во кафуле. Никако не можам да им објаснам дека не сум бремена“, вели Нина.

Родила во болница во Лондон и вели дека никогаш не слушнала за вакви компликации по породување. Родила три деца и немала никакви проблеми. Но по четвртото породување останала „трајно“ бремена.
Последица од царскиот рез?
„Тоа е последица од царскиот рез. Мојот стомак остана „воден“. Изгледам како да сум во девети месец“, вели Нина. Таа и понатаму носи трудничка облека.

 
Докторите и понатаму не знаат зошто Нина изгледа како да е бремена, но не веруваат дека е тоа последица од царскиот рез. Нагласуваат дека мајките, кои родиле повеќе пати, можат да добијат оштетување на мускулниот ѕид на желудникот поради што им останува стомакот.

„Поради болката и стомакот понекогаш помислувам дека сум повторно бремена и некогаш дури купувам тестови за бременост, само за да проверам“, вели Нина која била на стерилизација и сигурно нема повеќе да роди.Британката Нина Мулхал (32) своето последно дете Ислу го родила пред 17 месеци, но и понатаму има труднички стомак. Верува дека е така поради царск

Пронајдете не на следниве мрежи: