Британката Џема Коли направила почетничка грешка, но наместо да молчи за тоа одлучила да го сподели тоа со светот на Фејсбук. Нејзината фотографија насмеала многумина, но и потсетила дека грешките се ОК кога се работи за новопечени мајки.Таа, веднаш откако завршила со третманот за вештачко самопотемнување со спреј, одлучила да го надои бебето. Не знаела дека во тој момент бојата на нејзе се уште се суши, и дека може да остави флеки на нејзиното дете.
Кога го одвоила детето од себе, видела дека нејзината „обоена“ дојка го офарбала и делот на лицето на бебето.
„Од една мајка до друга, би сакала да ве известам за мојот легендарен родителски пропуст“, напишала Британката. Сликата добила повеќе од 100.000 лајкови и била споделена повеќе од 23.000 пати за само 9 часа.
Неколку часа подоцна стигнала уште една фотографија од слаткото бебенце, овој пат без дамки.
„Фото доказ дека вечерашното доење беше помалку портокалово. Ви благодарам за сите позитивни коментари. Јас сум само уште една мајка која се обидува да помине низ сите добри и лоши авантури на родителството“, напишала Џема.
Со бебето на крај се било во ред, а оваа храбра мајка станала некој вид херој бидејќи искрено ја споделила својата грешка, наместо да крие и да се прави дека е совршена.Таа, веднаш откако завршила со третманот за вештачко самопотемнување со спреј, одлучила да го надои бебето. Не знаела дека во тој момент бојата на



