Совети за родителите: Еве што треба да направите кога детето ќе почне да пелтечи!

Пелтечењето е нарушување на говорот, во кој нормалниот тек на говорењето е прекинат со често повторување или продолжување на говорните звуци, слоговите или зборовите. Или пак, личноста едноставно не може да започне да зборува.Прекините во говорењето можат да бидат проследени со зачестено трепкање со очите, треперење на усните и/или челуста, или пак со некои други необични облици на однесување кои личноста која што пелтечи ги прави додека се обидува да зборува.
Понекогаш пелтечењето се јавува и како последица од страв, несигурност или обид да се покаже во најдобро светло.
Што го поттикнува пелтечењето?
Околностите коишто можат да го зголемат пелтечењето, се: брз говор во семејството, прекинување на детето, погодување на тоа што сака да каже детето, нереални барања, конфликти помеѓу членовите на семејството, „бомбардирање“ со прашања, завршување на речениците наместо детето.
Како да му помогнете на дете што пелтечи?
– Слушнете не само што, туку и како кажува нешто.
– Дозволете му на детето да ја заврши мислата без прекинување.
– Одржувајте контакт со очите додека детето зборува.
– Избегнувајте да го дополнувате детето и да ги завршувате речениците наместо него.
– Не избрзувајте го детето, важно е да има доволно време да одговори.
– Кога детето ќе ја заврши реченицата, направете пауза 2-3 секунди пред да одговорите, бидејќи така од вашиот пример ќе научи побавно да зборува.
– Користете едноставен речник.
– Водете сметка за сопствениот говор. Да биде јасен, течен, граматички исправен, а речениците разбирливи и едноставни.Прекините во говорењето можат да бидат проследени со зачестено трепкање со очите, треперење на усните и/или челуста, или пак со некои други необичн

Пронајдете не на следниве мрежи: