Исповед на жена која била ЗАКОПАНА ЖИВА: Врескав знаејќи дека тишината значи- СМРТ

Моето прво сеќавање е загушливата тишина. Бев некаде помеѓу животот и смртта. Со последните атоми на сила испуштав вресоци колку што ме држеше грлото. Бев закопана во шут, во ковчег со прашина откако ракета падна недалеку од мене“, ја почнува својата приказна Хана Кембел која како војник била во Ирак во 2007 година.Сонцето печело и температурата недалеку од базата Камп Чарли во ирачката пустина  го преминала 40-иот степен.
Хана била на должност. Имала 23 години и двегодишна ќерка. Кога ракетата ја погодила базата нејзините најголеми кошмари се оствариле.
Сфатила дека е жива- но едвај.
„Лежев заробена. Болката беше толкава што  само си повторував ‘ќе умреш, ќе умреш, доколку престанеш да врескаш никогаш повеќе нема да ја видиш ќерката Мили’“, се потсетува Хана. И така продолжила да вреска.
Врескала и се потсетувала како на 17 години посакала да побегне од гратчето Кумбрија и се пријавила во војска. Никогаш не сакала да бде војник, работела во администрација. Се омажила на 19 години. Станала мајка. Отишла во Ирак да работи бирократија бидејќи мислела дека таа база е безбедна. Но не била.
Околу креветот морала да подигне ѕид од бетонски цигли за  да се почувствува малку побезбедна. На блокадата залепила слика од ќерката.
„Една вечер ја пеглав униформата и разговарав со колешката Сали. Се слушна експлозија и се создаде прашина секаде околу нас. Не нападнаа. Ракети удираа, а ние само ги ставивме кацигите и легнавме во своите бетонски ‘ковчези’. Се се тресеше, а ние чекавме. Тогаш во облакот од прашина ѝ реков на Сали- никогаш нема да ја видам ќерката. Ме тешеше, но мојот страв само што не стана вистина“, вели Хана.
Ноќта кога паднала кобната ракета- Хана не требало да биде тука. Го заменила местото со колегата  кој еден ден претходно заминал да го види семјството.

 
„Се сеќавам само на звукот и останатото е магла. Зградата беше директно погодена. Пднав, а шипка ми го проби лицето. Имав крварење во мозокот,  десната рака ми беше скршена, шрапнел  ми го погоди колкот и стомакот. Левата нога ми беше уништена, а другата шипка ми ја прободе бутината.
Нема ништо полошо од тоа кога ќе ги отвориш очите, ќе ја повратиш свестта и ќе сфатиш дека си жив закопан“, вели Хана.
„Се стана низа блесоци. Ги видов перд очите како делови од филм. На почетокот мозокот беше премногу повреден за да сфати дека треба да паничи. Бев чудно мирна. Додека крвта ми се слеваше низ лицето не сфатив каква е таа леплива супстанца. Со часови лежев и врескав. Знаев дека тоа е единственото нешто што може да ги доведе спасувачите до мене. Да ме вратат кај детето. Слушнав гласови. Тоа беа колегите од кампот во близина до нашиот“, се присетува жената чија агонија  не била завршена.
Два часа ја откопувале. Наскоро се нашла во авион.
„Додека лежев под седативи на се што се сеќавам пред да ги затворам очите и полетам беше лицето на мојата ќерка. Тргнав дома“.Сонцето печело и температурата недалеку од базата Камп Чарли во ирачката пустина  го преминала 40-иот степен.
Хана била на должност. И

Пронајдете не на следниве мрежи: