22-Годишниот хрватски модел Сара Гркович е уапсена и се соочува со обвинение за обид за убиство, откако со нож ја прободела својата сестра близначка Дајана во нивниот дом.
Се верува дека причината поради која Сара го направила тоа е љубомората што ја имала кон нејзината сестра и врската со момчето кое всушност и на двете им се допаѓало.
Сара Гркович и нејзината сестра Дајана живееле заедно со нивната мајка во северниот дел на хрватското пристаниште Ријека.
Полицијата, во саботата навечер, била повикана откако по нивната расправија, Сара го земала кујнскиот нож и го забодела во нејзината сестра Дајана оставајќи ја критично повредена која моментално е во болница и се бори за живот.
„Се расправаа за едно момче кое очигледно дека и на двете им се допаѓал. На Сара не и се допадна тоа што тој и нејзината сестра се во врска. Никогаш не би помислил дека поради таа причина ќе посегне по животот на нејзината сопствена сестра“ – изјавил нивниот сосед за медиумите.
Сара Гркович(лево) и нејзината сестра близначка Дајана Гркович(десно)
Дајана моментално се наоѓа на одделението за интензивна нега во локалната болница со длабока рана на нејзините гради и бедра иако докторите изјавиле дека нејзината состојба е стабилна.
Нивната мајка која била разведена од нивниот татко, ги оставила сами во станот откако заминала да работи во Германија, додека нивниот татко немал никаква комуникација со нивната мајка, ниту пак со неговите ќерки по разводот.
Еден сосед изјавил дека откако останале сами, двете сестри се однесувале по диво од вообичаено, но никогаш не мислел дека можело да дојде до вакво нешто.Се верува дека причината поради која Сара го направила тоа е љубомората што ја имала кон нејзината сестра и врската со момчето кое всушност и на дв



