Вашата кујна исто така може да ви послужи и како аптека ако кожата по каснувањето од комарец премногу чеша и се појави оток.Лимон
Овој цитрус има природни анти-воспалителни и анестетички својства и на многу ефикасен начин го намалува отокотe по каснувањето од комарец. Едноставно исечете го лимонот на половинаи премачкајте го местото на каснувањето. Можете да промешате и сок од лимон со босилок и оваа смеса ќе ја намали непријатноста по каснување од комарец.
Лук и кромид
И кромидот и лукот може да го намалат отокот и да го ублажат чешањето по каснувања од инсекти. Измешајте малку лук и кромид и нанесете ја смесата на местото на каснувањето. По неколку минути, исплакнете ја кожата.
Сода
Содата бикарбона веднаш ќе го запре чешање поради каснување од комарец. Растворете во чаша вода лажичка сода бикарбона, и натопете крпа во растворот и држете на местото на каснувањето 10-20 минути.
Алое Вера
Ова е еден од најдобрите природни антисептици. Отстранете го гелот од растението, го чувајте го во фрижидер 10-15 минути, а потоа премачкајте го местото.
Сол
Со оглед на тоа што има антисептично и анти-воспалителни својства, е и совршен лек против оток и чешање по каснување од комарец. Направете паста на сол со неколку капки од вода и потоа нанесете на местото на убодот, по неколку минути исплакнете.
Мраз
Ниските температури го успоруваат преносот на супстанции кои предизвикуваат воспаление, а со оглед дека местото кое е третирано со мраз ќе утрне, вие нема да чувствувате на чешање и болка. Држете на местото на убодот кеса со мраз.Лимон
Овој цитрус има природни анти-воспалителни и анестетички својства и на многу ефикасен начи



