На овие пеколни температури, толку е топло што мислите дека дури и оние делови од телото кои не ви се под облека (на пр. рацете), ви се „варат“. А замислете дури како и е на вашата „врсничка“ завиткана меѓу бутовите и гаќичките? Е, тоа е вистински пекол!И за машките и за женските интимни делови, жештината е вистинско мачење. Поради претерано потење доаѓа до нафрлање и други иритации, па може да дојде и до некои здравствени проблеми.
– Потењето е погодно за развој на различни бактерии, па интимните делови мора често да ги миете. Не се работи само поради тоа што доаѓа до развој на непријатен мирис, туку може да дојде и до здравствени проблеми поради нередовна хигиена, која во летните месеци е императив, советуваат дерматолозите.
ЧЕШАЊЕ, ПЕЦКАЊЕ, НЕПРИЈАТЕН СЕКРЕТ: Ослободете се од најголемиот непријател на вагината
Иако научните истражувања веќе покажаа дека жештината е совршен афродизијак и дека сексот е многу почест (и пожежок) во овие месеци, но ако не водите сметка за интимната хигиена тоа се може да падне во вода. Што поради непријатниот мирис кој не му е баш привлечен на спротивниот пол, што поради евентуалните здравствени проблеми.
Но, се поставува прашањето – колку често треба да ги миеме интимните делови од телото?
– Не треба да се претерува со капењето, а сапуните не се препорачуваат за миење на гениталиите бидејќи ја пореметуваат природната pH вредност на чувствителната кожа и слузокожа. Еднаш дневно е сосема доволно, освен ако поради мирисот, немате потреба тоа да го правите почесто – советуваат дерматолозите.
Во овие месеци исто така е многу важно какви гаќички и каква облека носите. Затоа треба да ја избегнувате синтетиката, како и тангите кои не се безбедни и можат да доведат до габички и иритација, а наместо тоа одберете памучна долна облека.
– Не треба да се носи ништо тесно, што би довело до запарување – додаваат дерматолозите.И за машките и за женските интимни делови, жештината е вистинско мачење. Поради претерано потење доаѓа до нафрлање и други иритации, па може да дој



