Мишел Томас (30) излегла на состанок со момче кое го запознала преку Тиндер. Иако бил воодушевен од нејзиниот карактер, лик и личност, имал замерка за нејзиното тело, поради што преку порака и раскинал. Одлучила да му одговори јавно, а еве и како.На својот блог Мишел напишала дека за овој чекор се одлучила бидејќи тој имал 13- годишна ќерка, па сакала да го научи како кај неа да изгради самодоверба, а не да ја уништи.
„Бевме на вечера се држевме за раце,шетавме покрај реката. Кога се разделивме, се бакнавме и иако немаше огномети ниту искри, беше тоа пријатна вечер“, вели Мишел која следниот ден добила порака која ја шокирала.
„Ти си слатка и забавна, и тип на девојка со која би сакал да бидам кога мојот ум и тело тоа би ми го дозволиле. Нема да лажам, навистина те обожувам и мислам дека си најубавата личност која сум ја запознал, но мене ме привлекуваат послаби девојки. Ме привлекува твојот ум, лик и личност, но тоа не можам да го кажам за твојата фигура. Те молам, обиди се да ми простиш. Те обожавам“.
Мишел признава дека прво била во шок, после кој следеле солзи, но потоа одлучила јавно да му одговори.
Еве го нејзиниот одговор.
„Го потврди стравот на секоја девојка која се плаши дека никој нема да ја сака поради неколку килограми повеќе, без оглед на тоа колку е паметна, мила, духовита и воспитана. Сакам својата ќерка да ја научиш да си го сака своето тело и да ужива во него. Тоа и припаѓа само на неа. Негувај го нејзиниот интелект и креативност. Натерај ја да биде бестрашна и научи ја да има самодоверба за еден ден да може да им одговори на сиротите, несреќни мажи кои се обидуваат да и ја нарушат, како што јас тоа го правам сега.“
После објавувањето на писмото, на Мишел и се јавиле илјада мажи и жени кои ја поддржале.
„Луѓето го споделуваат писмото и коментарите се одлични. Примив над илјада писма на поддршка, но ми се јави и една жена која била во слична ситуација како и јас. Омилено писмо ми е писмото од еден господин кој рече дека ќе им го покаже писмото на своите синови за да им покаже дека не е во ред вака да се однесуваат кон девојките“, вели Мишел и смета дека секој човек треба повеќе да разговара за своето тело.
На својот блог Мишел напишала дека за овој чекор се одлучила бидејќи тој имал 13- годишна ќерка, па сакала да го научи како кај неа да изгради само
Пронајдете не на следниве мрежи:



