Ова никако не го јадете на ПЕКОЛНИВЕ ЖЕШТИНИ, затоа што можете да УМРЕТЕ!

Кога ќе започнат вака пеколно високи температури некоја храна е најдобро да ја избегнувате, бидејќи е многу лесно расиплива!Ако сте во можност, пробајте овие неколку дена, барем додека жештината не се стиши, обидете се да не јадете млечни производи и јајца, исто така не би било лошо да избегнете месо. За жал, ова се однесува и на вашиот омилен сладолед!
Не значи дека оваа храна е лоша за вашиот организам или дека ќе ви биде тешко на стомакот, туку затоа што од неа можете лесно да се отруете или да заработите бактериска инфекција или пак вирус во стомакот, и да бидете приковани за тоалет со денови. А во потешки случаи, можно е да завршите во болница, па дури и поради невнимание да го изгубите животот.
Од летните цревни напади кои е особено напаѓаат во овој период на жештини, најчесто се салмонела, шигела, стафилокока, ротавирус и други ентеровируси, но и E. coli и многу други микроорганизми.
Верувале или не, кога температурата во сенка е 40 степени Целзиусови, тоа е вистински рај за бактериите, и доволно и е само половина час – за да се расипе храната. На пример, ова е времето кое ви треба да стигнете пеш од пазарот до куќа или пак во врелиот багажник да ги превезете намирниците од хипермаркет до домот. 

Притоа, никој не може да гарантира дека не е направен некаков пропуст додека храната патувала од земјоделското производство преку фабриката каде што е процесуирана храната до пакувањето па се до полиците во продавниците. Дури и со максимално почитување на прописите за хигиена, можно е дел од сета таа храна да се зарази со бактерии на патот од фрижидерот до вас.
Ако сепак забележите дека млекото, мајонезот, павлаката, јогуртот, јајцата, сладоледот или месото имаат некакви дамки или се чувствува чуден мирис – подобрто е да ги фрлите во ѓубре, отколку да си предизвикате дијареа. Затоа, попаметно е во топлите денови да избегнете пиење на свежо непастеризирано млеко, сирење, млечни производи, свежи јајца и месо кое не се готви. Исто така, треба да ги избегнете максимално рестораните за брза храна. 
Изберајте ги само оние производи кои би требало да се долготрајни. Не само тоа, туку и сите други намирници како и готовите оброци, важно е во текот на летото да ги држите во фрижидер или замрзнувач, до нивната непосредна употреба и секако не заборавајте да го прочитате датумот на пакувањето.
Подобро да сте безбедни отколку подоцна да жалите жал!Ако сте во можност, пробајте овие неколку дена, барем додека жештината не се стиши, обидете се да не јадете млечни производи и јајца, исто така не

Пронајдете не на следниве мрежи: