Високите потпетици [НЕ] СЕ забранети: Ова е идеалната висина на потпетици!

Високите потпетици предизвикуваат различни емоции кај жените ширум светот: некои не можат да се заситат од носењето на овие женствени обувки иако не се чувствуваат удобно во нив, додека другите уживаат во нивниот дизајн, но сепак ѝ даваат предност на удобноста. Сега конечно се знае која е идеалната висина на потпетиците.Носењето високи потпетици не мора да предизвика болки во стапалата, нозете и `рбетот. Доколку пак не сакате да го нарушите здравјето на долготрајна база, не би смееле да носите потпетици повисоки од 7,5 центиметри.
„Сите обувки со потпетица повисока од 7,5 центиметри го менуваат начинот на којшто одиме – чекорите стануваат пократки, поголемиот дел од телесната маса се префрлува на предниот дел од стапалото што ја нарушува рамнотежата на телото и создава притисок во пределот на колената и долниот дел од грбот“, предупредува американскиот ортопед д-р Емили Сплајчел.
Негативниот аспект од носењето на повишени обувки не престануваат ниту со обувките на платформа, бидејќи тие имаат ист лош ефект, а не е пожелно да се носат ниту скроз рамни обувки.
„Ако жената има спуштени стапала, рамните обувки ќе бидат лоши за нејзиното стапало. Секогаш е подобро да се одбере барем мало повишување, од барем 2,5 центиметри зашто така ќе се стави стапалото во стабилна позиција“, напоменува таа.
Д-р Емили Сплајчел советува дека е најдобро да се избегнуваат екстреми при купувањето обувки – прениски или високи потпетици, како и дека здравјето на стапалата и телото општо се крие во просекот, односно во обувките со потпетица од 2,5 до 7,5 центиметри. Носењето високи потпетици не мора да предизвика болки во стапалата, нозете и `рбетот. Доколку пак не сакате да го нарушите здравјето на долготрајна

Пронајдете не на следниве мрежи: