Кога ќе одите на свадба веројатно очекувате да го слушнете судбоносното ДА само од младоженците кои учествуваат на таа веселба. Но, гостите на свадбата на Тејлор и Челзи присуствувале на нешто многу поинтересно – и сигурно до крајот на животот ќе се сеќаваат на таа вечер.Овие младенци одлучиле својот совршен ден да го поделат со уште еден пар. Станува збор за роднината Меган и нејзиното долгогодишно момче Бред.
Тејлор и Челзи се смислиле однапред – а планот бил Бред да ја запроси својата драга на нивната свадба и тоа на најспектакуларен начин.
Се почнало кога Челзи се подготвувала да го фрли бидермаерот. Сите девојки се собрале околу неа, очекувајќи бидермаерот да биде фрлен накај нив. Но, тогаш невестата се завртела накај својата роднина и и го дала бидермаерот во рака.
Иако веќе било јасно дека нешто се случува, Меган веќе неколку моменти подоцна сфатила дека ова за неа е еден од најважните денови во нејзиниот живот…
Откако и го дала бидермаерот, невестата ја свртела Меган кон Бред – а девојката немала идеја што ја очекува, што може да се забележи и од нејзиниот израз на лицето.
Тогаш Бред го извадил вереничкиот прстен и го поставил судбоносното прашање.
Опкружен со пријателите и семејството, ова романтично момче се спушти на едно колено и ја запроси својата долгогодишна љубов.
Нормално, рекла ДА.
На крајот се завршило со една групна прегратка, а гостите на оваа свадба сигурно ќе се сечаваат засекогаш. Овие младенци одлучиле својот совршен ден да го поделат со уште еден пар. Станува збор за роднината Меган и нејзиното долгогодишно момче Бред.



