Кога го пронашле работниците на брза помош, Oven треперел и единствено што рекол е: „Треба да се јавам на мајка ми“
Ова момче терористите го раниле во рамото, гледал како го убиваат неговиот вујко, дедо и брат, а сепак херојски помогнал на повредените по нападот на плажа во Тунис.
Oven Ricards(16) во рамо го ранил куршум со кој бил убиен неговиот чичко Adrijan Evans. Пред тоа, момчето гледало како терористите го убаваат неговиот брат Dzoel и неговиот дедо Patrik Evans. Во овој терористички напад загинаа вкупно 15 Британци.
Oven, крвав и под голем стрес, влетал во хотелот каде што престојувал, и се упатил кон ранета жена, од која течело крв, за да помогне. Тој ја тешел, и ѝ зборел дека сè ќе биде во ред и заедно со неа го чекал доаѓањето на лекар.
Ја одржувал при свест дедека да дојдат лекарите, иако и самиот преживеал пекол пред само неколку минути.
Кога го нашле работниците на брза помош, момчето треперело и единствено што рекло е: „Треба да се јавам на мајка ми“.
Suzan Ricards, која ги загуби својот брат, син и татко, во овој крвав напад веќе следниот ден долетала во Тунис по синот херој и по телата на нивните најблиски.
Ова момче терористите го раниле во рамото, гледал како го убиваат неговиот вујко, дедо и брат, а сепак херојски помогна



