Еве ШТО МОЖЕ ДА ВИ ПРЕДИЗВИКА само 1 пијана ноќ во неделата!

Го знаете она чувство кога ќе дојдете дома по дружење со чашката и ќе изедете се што ќе најдете во фрижидерот? Некој оди во оставата да отвори нова тегла ајвар или џем, а наутро се шокира кога ќе види дека нема повеќе леб за појадок, дотичната тегла е празна.Речиси 60% од луѓето пијат барем еднаш во неделата, но една пијана ноќ може да ја расипе линијата, потврдила студијата на британската организација за слабеење Slimming World спроведена на 2000 луѓе.
По бурна ноќ во просек додаваме по еден килограм, но за тоа не е виновен алкохолот, туку празнењето на фрижидерот. Со масната храна како што се чипс, месо и пици, луѓето ги ублажуваат ефектите од мамурлак, па често внесуваат повеќе од 5000 калории.
Дури и со здрава исхрана, една пијана ноќ во неделата, може да предизвика зголемување на телесната тежина и акумулација на дури 12 килограми во годината, предупредуваат експертите.
Мажите по 4 пива од половина литар почнуваат да пијат и јадат повеќе од вообичаено, а кај жените за прекумерно јадење доволни се две до три чаши вино.
Во просек мажите во една бурна ноќ со алкохол внесуваат 1795 калории, со храна 3126 калории, а другиот ден поради мамурлак 2025 калории. Мажите на тој начин внесуваат околу 6946 калории, а жените 5725 калории. Тоа е речиси три пати повеќе од препорачаната дневна доза, и е еднакво на 38 кеси чипс или 20 крофни со мармалад.
-Алкохолните пијалоци го стимулираат апетитот и намалуваат инхибиции, поради што луѓето најчесто здравата храна ја менуваат со масна храна – истакнува д-р Жаклин Лавин од Slimming World.Речиси 60% од луѓето пијат барем еднаш во неделата, но една пијана ноќ може да ја расипе линијата, потврдила студијата на британската организација

Пронајдете не на следниве мрежи: