Лекарите во Кина, на еден маж му извадиле дури 420 камења од бубрезите. Неговите болки станале двојно поголеми, па одлучил да побара стручна помош.Медицинските експерти сметаат дека лошата здравствена состојба на Хе Донг (55), е предизвикана со диета која се базира на високи количества на протеини.
Операцијата на левиот бубрег траела два часа, сѐ додека докторите не откриле дека ваквата болка во бубрезите е предизвикана од огромни количества на камења.
Пациентот ги потврдил сомнежите на стручњаците кога признал дека секојдневно внесувал одреден вид тофу, кое е карактеристично јадење за тоа подрачје и содржи висока концентрација на калциум сулфат.
Производите од соја создаваат таков проблем, бидејќи вишокот калциум не може да се излачи од телото без доволно внесување на вода во организмот.
Пред 20 години, на овој пациент му била извршена литотрипсија, медицински процес кој го уништува каменот во бубрегот. Сега, лекарите со помош на пинцета извлекле стотина ситни објекти од внатрешноста на телото на овој човек.
Хе Донг ќе мора да пие повеќе вода и да го смени начинот на исхрана. Камењата ќе ги задржи како сувенир.Медицинските експерти сметаат дека лошата здравствена состојба на Хе Донг (55), е предизвикана со диета која се базира на високи количества на прот



