ГИ ИМА ВО ФРИЖИДЕРОТ: 8 намирници кои предизвикуваат тешки болести!

Иако сите сме само луѓе и понекогаш знаеме да се почестиме со не толку здрава храна, постојат некои намирници кои никогаш не би требале да ги јадеме.Газирани пијалаци
„Газираните пијалаци не се храна, а премногу се конзумираат во модерната исхрана. Една лименка содржи 40 грама шеќер, а сѐ што содржи повеќе од осум грама шеќер го сметам за претерано“, изјавила Мери Причард која е нутриционист. Нејзината колешка Елиса Гудман, додала дека вeштачките засладувачи во газираните пијалаци допринесуваат кон дебелеење и појава на дијабетес.
Гликозно-фруктозен сируп
Кели Левек тврди дека треба да се избегнува оваа состојка, која воедно често се наоѓа во брзата храна и зачините, „како да е чума“. Таа објаснува дека фруктозата 100 отсто се метаболизира во црниот дроб и минува низ Мајлардовата реакција, поточно – се формираат супероксидни слободни радикали кои можат да предизвикаат воспаление на црниот дроб. Исто така, сирупот побрзо се претвора во масно ткиво од било кои други јаглехидрати и се поврзува со метаболичкиот синдром и отпорноста на инсулин.
Индустриски обработени масла
Овие масла се високо обработени и хемиски третирани. Обично им се додава мирис за да можат да се јадат. „Тие брзо оксидираат, што предизвикува создавање на мноштво слободни радикали: Исто така, тие се полни со омега-6 масни киселини, што предизвикува нерамнотежа на омега масните киселини во телото“, објаснува Левек. Наместо овие индустриски масла, нутриционистите препорачуваат употреба на масла кои имаат висок процент на омега-3 и незаситени киселини, како што се маслото од кокос, маслинки и авокадо.
Индустриски обработена соја
Левек тврди дека индустриски обработената соја треба да се избегнува по секоја цена.
„Слободната глутаминска киселина или МСГ, која е силен невротоксин, се формира при обработката на соја. Фитоестрогените на сојата можат да предизвикаат хипотиреоза, па можат да доведат до неплодност и да ја зголемат шансата за појава на рак на дојка кај возрасните жени“.

Месни преработки
„Ова месо обично го добиваме од животни кои се држат во затворени простори во кои се шират зарази и коишто се изложени на бројни хормони и антибиoтици“, напоменува Гудман и додава: „Исто така, тие се полни со натриум нитрат, кој се користи како хемиски подобрувач на вкусот, конзерванс и додавање боја“. Кога ги внесувате во телото, тие се претвораат во хемикалии кои предизвикуваат карцином, а можат да се најдат во различни салами, колбаси, шунки и сланини.
Пуканки за микробранова печка
Овој вид пуканки претставуваат голема опасност за здравјето. „Во обвивката се додадени синтетички хемикалии, посебно во индустријата на брзата храна, кои би требало да спречат мастите да истечат надвор“, објаснува Гудман. „Пуканките за микробранова печка се полни со тие хемикалии, кои, кога ќе се загреат, автоматски се шират во самите пуканки. Тие штетно дејствуваат на ендокриниот систем, а поврзани се и со развојот на карциномот, повишениот лош холестерол, намалениот имунитет, болестите на штитната жлезда и неплодноста“.
Маргарин
Тоа е високо обработено растително масло, полно со транс-масни киселини. „Всушност, се произведува од најевтиното масло кое е со најслаб квалитет“, вели Гудман. Значи, се прави од оние индустриски масла кои би требало да се избегнуваат, а при преработката на висока температура се создаваат слободни радикали кои го зголемуваат ризикот од карцином, болести на срцето и хормонски дисбаланс. Освен тоа, содржат дополнителни адитиви, како и омега-6 масни киселини.
Намирници со низок процент на маснотии
Намирниците со намален процент на масти звучат како нешто добро, но ваквите намирници се нездрави. „Прехранбената индустрија почна да ги заменува животинските масти со незаситени растителни масла, кои доведоа до зголемена потрошувачка на транс-масти. А за да го надокнадат тоа, производителите почнаа да додаваат големи количества на шеќер“, вели Гудман. Со други зборови, ризикувате да се здебелите, да добиете дијабетес, срцеви заболувања и рак.Газирани пијалаци
„Газираните пијалаци не се храна, а премногу се конзумираат во модерната исхрана. Една лименка сод

Пронајдете не на следниве мрежи: