Тие ИЗБЕГАЛЕ од канџите на сектата: „Малите девојчиња се третираат како сексуални робинки!“

Полицијата од Нов Зеланд покрена истрага против тајната христијанска секта Глоријавал, против која поранешните членови поднеле пријави.Сектата, која брои околу 500 членови, многу е мистериозна и затворена кон светот, а сите членови носат сини униформи и стриктно го почитуваат Новиот завет.
Миракл избегала од оваа секта со своето семејство пред околу шест години. Таа рекла дека меѓу нив било нормално да се поттикнуваат мажите да имаат вонбрачен секс со малолетнички.
„Овие работи се случуваа често и старешините обично за тоа ги обвинуваа девојчињата, нарекувајќи ги со погрдни имиња. Затоа, тие престанаа да ги пријавуваат овие работи, бидејќи се плашеа од осудите“, рекла Миракл.
Поранешна членка на оваа секта, Карен Вајндер, рекла дека сексуалното искористување не е сметано за кривично дело, бидејќи мажите се поттикнуваат да имаат секс со малолетнички. Исто така, таа истакнала дека не се прославуваат посебни датуми во календарската година, како што се родендените или празниците, на пример Божиќ.
„Тие сметаат дека девојчињата на возраст од 13 и 14 години се подготвени да родат бебиња и дека тоа не е педофилија, ниту силување. На пример, затоа мажот од 23 години не смета дека направил нешто лошо ако спие со девојче“, вели Карен и додава дека познава жена која на 15-годишна возраст спиела со далеку постар маж.
Трета поранешна членка на сектата, Џулија, изјавила дека на 12 или 13-годишна возраст, имала „погрешна врска со женет маж кој бил деценија постар од неа“.
„Постојат сериозни обвинувања на наша сметка, но тоа не значи дека сите се точни“, порачале од Глоријавал.
Во последно време, неколку семејства ја напуштиле оваа секта и сега имаат своја заедница на оддалеченост од околу 350 km од местото кадешто живеат припадниците на Глоријавал.Сектата, која брои околу 500 членови, многу е мистериозна и затворена кон светот, а сите членови носат сини униформи и стриктно го почитуваат Новио

Пронајдете не на следниве мрежи: