Што се случува со нас кога ќе умреме? Тоа прашање постои колку што постои и човештвото и е предмет на бројни научни истражувања. Одговорите и понатаму се делат во три групи, а посебно е морничава онаа во која пациентот не гледа светлина или човек туку парализирано ги набљудува луѓето околу себе, а не може да стори ништо.Неодамна на Редит било поставено прашање до оние кои доживеале клиничка смрт. Стиганле стотина одговори и иако секој од нив треба да се земе со резерва, сеедно можат да се поделат во три категории.
Има такви кои не почувствувале ништо, потоа оние кои виделе светлина, и имале некој вид контакт со друга личност и на крај оние кои можеле да гледаат што се случува околу нив додека се „мртви“, но не можеле да сторат ништо.
Ова се некои од сведоштвата кои корисниците ги објавиле на Редит.
„Се сеќавам малку на возењето во возилото на итна помош, но воопшто не се сеќавам на своето тело. Видов како лежи и се сеќавам на докторот кој беше таму, но го видов дури таму, не го видов пред да се онесвестам. Дојдов при свест три дена подоцна“.
Стоев на некое место. Околу мене имаше магла и потоа го видов својот најдобар пријател, со кого во тоа време се расправав и не се дружевме. Дојде од маглата и ми кажа дека не можам се уште да одам, дека морам да продолжам да се обидувам и ако му ветам дека нема да се откажам дека ќе ме врати. Му ветив, но без зборови и во истиот момент се вратив“.
„ Се сетив на се што доживеав кога „умрев“. Немаше светло или покојни роднини, никој не ми велеше да се вратам, но видов работи кои никако не можев да ги видам од местото на кое бев. Се сеќавам дека вев бесен зошто никој не ми одговара додека зборувам. Мајка ми ми рече дека не сум зборувал ништо, дека сум бил мртов“.
„Ме возеа кон болница и се сеќавам дека стоев од страна и се гледав себе и останатите кои беа со мене“.
„Во еден момент бев буден, гледав што прави докторот и разговарав со него. Одеднаш се огласи алармот и сите почнаа да паничат. Се околу мене стануваше магловито, а потоа се смрачи. Следно на што се сеќавам е дека го слушнав докторот како вели ‘Го вративме’“.Неодамна на Редит било поставено прашање до оние кои доживеале клиничка смрт. Стиганле стотина одговори и иако секој од нив треба да се земе со рез



