Трауматизирана мајка раскажала како нејзиниот сопруг ја тепал со сукало и се обидел да ја натера да испие варакина.Лорејн Лоример рекла дека нејзиниот сопруг Ален О`Донел, исто така ѝ се заканувал со нож.
„Го сакав, му верував, а тој ме тепаше и ме остави да умрам. Кажете ми, каде е тука правдата?“, рекла таа.
Оваа мајка на четири деца имала модринки на очите, но и по целото тело, пренесе британски Daily Record.
Нејзиниот сопруг бил обвинет за обид за убиство, но само бил осуден за напад и му била доделена затворска казна со времетраење од три години. Лорејн била разочарана од оваа блага казна која му ја додели Високиот суд во Глазгов, Шкотска.
Лорејн (45), рекла дека нејзиниот сопруг бил под дејство на алкохол и дијазепам кога ја нападнал.
„Тоа беше најлошата вечер во мојот живот. После не смеев да се погледнам во огледало, ниту сама да излезам од куќата. Го молев судот да ме иселат од куќата, но моето барање беше одбиено, па секој ден лежев крвава во кујната, полиена со варакина и молев за живот. Откако беше уапсен, полицијата го пушти со кауција и му дозволи да живее во моја близина. Не можев да работам, изгубив скоро сѐ и ми беше мачно кога слушнав дека е осуден на само три години затвор“.
Таа ја продолжува приказната:
„Алан беше мој сопруг и некој кому му верував, а тој ме нападна, ме тепаше, клоцаше, ме турна на под и се обиде да ме натера да испијам избелувач. А само за година ипол дена, тој повторно ќе дојде тука. По нападот открив дека мојот син во креветот чува нож и го држи под перницата, за да нѐ заштити во случај Алан да се врати“, наведе Лорејн.
Лорејн спиела кога во кобната вечер се случил нападот. Имено, нејзиниот сопруг стигал дома во раните утрински часови и барал од неа да испијат по една пијачка.
„Кога му реков дека ќе се вратам во креветот, тој ме повлече за косата и во дневната соба ме собори на каучот. Не ми дозволуваше да станам. Полуде, ме зграпчи за коса, ме повлече до кујната и ми ги искина пижамите. Почна да ме мава по глава и кога се обидов да избегам го зграпчи сукалото и повторно почна да ме удира по главата. Почувствував како сукалото се одбива од мојот череп. Врескав и го молев да престане. Во еден момент, тој стана и донесе шише со варакина и се обиде да ме натера да ја испијам. Целата варакина беше истурена при неговата борба со мене. Откако се закани и со кујнски нож дека ќе ме убие, наслушна дека децата се будат и веднаш се смири. Запали цигара, ја истресе пепелта врз мене и си замина како ништо да не се случило“, завршила Лорејн.
Нејзиниот најстар син повикал полиција.
Ова се фотографиите од нејзиниот изглед откако била претепана (ЛИНК; ЛИНК)Лорејн Лоример рекла дека нејзиниот сопруг Ален О`Донел, исто така ѝ се заканувал со нож.
„Го сакав, му верував, а тој ме тепаше и ме



