Кортни (27) имала 19 години кога дознала дека боледува од редок вид на рак, тумор на бубрегот. Оваа болест е толку ретка што дури нема ни име ни лек. Кортни сега ги брои последните денови, а има само една желба.Од истата болест починал и нејзиниот 12-годишен брат Џордан. И покрај хемотерапијата и отстранување на бубрегот, ракот се вратил кога Кортни била бремена во 2009 година.
Кортни и нејзиниот вереник Били планирале да се венчаат за седум месеци. Но по лошите вести кои ги слушнала од докторите, морале да го поместат датумот на венчавката.
„Сега е доцна. Нема повеќе операции ниту хемотерапија. Умирам. Нема да доживеам да го видам своето девојче како расте ниту да стареам покрај човекот со кого сакам да бидам. Но она што можам е да станам госпоѓа Веб пред да починам. Се што сакам е да го сторам пред да биде доцна“, вели Кортни која веќе две години е верена со својата љубов од средношколските денови, Били Веб.
Кортни вели дека она што посебно ја фрустрира е тоа што е свесна дека умира, а болеста која ќе ја чини живот дури нема ни име. Сепак, таа се радува на венчаваката бидејќи верува дека тоа и е последна прилика да им остави убави спомени на најблиските.
За да ја исполнат нејзината последна желба, нејзиното семејство отворило интернет страна на која собира средства за организација на нивната венчавка. Од потребните 20.000 фунти, до сега собрале 14.000, близу се до целта. Нејзиното семејство сепак не губи надеж.
„Сознанието за болеста имаше голем впечаток на семејството. Не очекувавме дека ќе ни соопшти дека има толку малку време. Кортни е многу храбра и силна за време на терапиите и низ се што помина, а покрај тоа успеа да одгледа едно прекрасно девојче“, вели нејзиното семејство.Од истата болест починал и нејзиниот 12-годишен брат Џордан. И покрај хемотерапијата и отстранување на бубрегот, ракот се вратил кога Кортни била б



