Доколку претерате со витамините можете да ја добиете оваа смртоносна болест

Најнова студија покажала дека претераната конзумација на витамини значително го зголемува ризикот од заболување на рак и срцеви болести. Луѓето ширум светот секојдневно користат разни додатоци во исхраната во намера да го подобрат здравјето, а не се ни свесни за опасноста на која се изложуваат на тој начин.
Доктор Тим Браерс, еден од најголемите светски експерти за рак, рекол дека е многу опасно доколку препаратите кои можат да се купат без рецепт се земаат  во поголеми количини отколку што е предвидено.
„Не сме сигурни зошто  е тоа така, но резултатите покажаа дека луѓето кои земаат преголеми количини на додатоци во исхраната имаат многу поголем ризик од заболување“, истакнал Браерс.

Исто така, додатоците во исхраната кои содржат фолна киселина, а кои повеќето го земаат трудниците, според наведената студија го зголемуваат ризикот од заболување од рак за дури 56 проценти.
Сепак, доколку се земаат одговорно и во предвидени дози, витамините не се сериозни. Експертите, сепак, препорачуваат  земање на истите  во облик на овошје  и зеленчук за ризикот да се сведе на минимум.Луѓето ширум светот секојдневно користат разни додатоци во исхраната во намера да го подобрат здравјето, а не се ни свесни за опасноста на која се

Пронајдете не на следниве мрежи: