Масната храна не предизвикува срцеви заболувања!

Докторите на многу луѓе им препорачале дека треба да го избегнуваат путерот и полномасното млеко, доколку сакаат да бидат здрави, но препораките би требало да бидат промена.Експерите вeлат дека советот од 1983 година чија цел било да се намали бројот на смртни случаи предизвикани од срцеви заболувања, е заснован на погрешни претпоставки.
Насоките за предностите на немасните млечни продукти и маргаринот во однос на полномасното млеко и путерот, делумно се одговорни за епидемијата на дебелеење, сметаат сега научниците.
Новиот преглед на научните студии покажало дека истражувањата, на основа на кои се направени препораките, всушност погрешно се протолкувани и дека не се гледа причина поради која им е препорачано на луѓето да го исфрлат маргаринот и да го зголемат внесот на јагле-хидррати.
„Сегашниот преглед покажува не само што треба да се преиспита оваа препорака, туку дека таа не ни требало да биде донесена“, велат научниците.
6 релевантни испитувања во текот на пет години опфатиле 2.467 мажи, од кои повеќето имале некоја срцева болест. Научниците за време на истражувањето ја следеле поврзаноста помеѓу маснотиите во исхраната, нивото на холестеролот и ризикот за срцеви болести.

Испаднало дека нема разлика во бројот на смртни случаи кај оние кои биле на немасна исхрана и оние кои се хранеле со полномасни поризводи, вели професорот Брум со Роберт Гордон од Универзитетот во Абердин, чие истражување е објавено во британското стручно списание „Open Heart“.
Освен тоа, Брум вели дека препораката врзана за зголемување на внесот на јагле- хидрати на 50 % од енергетскиот внес, делумно е одговорна за епидемијата на нагло дебелеење и дијабетес тип 2.

Сепак, Рахул Бал од британската фондација „Ројал Беркшир“, вели дека и ова истражување треба да се гледа со доза резерва.
„Постојат силни аргументи дека претераното истакнување на заситените масти како главен виновник за срцевите заболувања го одвратило вниманието од ризикот кои го носат другите хранливи материи, како што се јагле-хидратите. Но, не е решение едното да се заменува со друго“, вели тој повикувајќи на умереност во конзумирање на сите групи намирници.Експерите вeлат дека советот од 1983 година чија цел било да се намали бројот на смртни случаи предизвикани од срцеви заболувања, е заснован на пог

Пронајдете не на следниве мрежи: