Животна приказна на двајца пријатели: Во воената ’92 го спасил својот ранет пријател

Мемо шеткиќ и Недељко Јевѓевиќ израснале заедно во градот  на Дрина. Нивните родители работеле заедно, а тие оделе заедно на училиште. Се дружеле, седеле заедно во училишната клупа и сонувале за иднина не размислувајќи  дека еден ден некој на нив ќе гледа како на „наш“ и „нивен“.Да се биде херој во градот на хероите Горажде, не е ништо невообичаено. Нападот на градот кој уследил на 4 мај 1992 година бил почетокот на целосната опсада на Горажде, долга 1336 дена, во која настрадале повеќе од 4.000 лица, главно цивили. Но, и покрај опсадата и постојаниот оган од сите оружја од околните ридови,  Горажде преживеало заедно со  своите мештани. Со припадниците на сите вери и нации кои живееле во него.
Мемо Сеткиќ и Недељко Јевѓевиќ израснале заедно во градот  на Дрина. Нивните родители работеле заедно, а тие оделе заедно на училиште. Се дружеле, седеле заедно во училишната клупа и сонувале за иднина не размислувајќи  дека еден ден некој на нив ќе гледа како на „наш“ и „нивен“.
Иако се пукало, Мемо и Недељко и понатаму биле пријатели. Нивното пријателство се покажало еден ден кога Недељко бил ранет пред зградата во која живеел со родителите. Никој не можел да дојде по нив, се пукало, но Мемо, на некој начин ризикувајќи го својот живот, му помогнал на својот пријател.
Мемо работел како превозник, а недељко како механичар во еден градежен сервис. Мемо, по повеќе од 20 години, се сеќава на август 1992 година и вели дека дури попладнето дознал дека неговиот пријател е ранет.
„Ми рекоа дека има еден ранет, цивил. Јас прво мислев дека се работи за жена. Но, тоа беше Шпага“, вели Мемо.
„Го сместивме во автомобил и отидовме во една амбуланта. Тука не можеа да го примат па отидовме во друга каде имаше само стационар, а потоа до лекар кој работеше дома. Се пукаше.“
Пријателите секогаш еден за друг
Како што вели, не го одвел само Недељко тој ден  до амбулантата. Имало уште многу такви случаи.
„Недељко и јас одевме заедно на училиште, на натпревари. Заедно бевме и во војска. Кој и да беше ранет беше тешко. Не бевме научени на војна. Не знаевме што е тоа рана. Подобро да те убијат отколку да те ранат затоа што не можеш да поминеш преку мостот за да одиш во болница“, вели Мемо.

По 20 години заедно шетаат и велат дека тие и без спасувањето биле пријатели.
„Не се чувствуваме дека тоа е херојско дело. Тоа тогаш беше сосема нормално. Ние секогаш си помагавме еден на друг. Важно беше да се спаси човечки живот“, вели Мемо.
И Недељко добро се сеќава на тој ден.
„Како што излегував од зградата слушнав дек паѓа граната. Се свртев да се вратам во зградата, но во меѓувреме експлодираше. Бев ранет во грбот. Успеав да влезам во станот каде родителите ми укажаа прва помош“.

Тогаш почнале да бараат некого за да ги одвезе до болницата.
„Се се случи околу 10 часот наутро. До пладне искрвавив. Почнав да ја губам свеста. Но, попладне дојде Мемо. Дојде кај мене. Рече дека стигнал со автомобил за да ме одведе во болница. Доколку потраеше уште малку чекањето, ќе искрвавев до смрт“.
Недељко вели дека спасувањето на неговиот живот е работа на човечност и колку некој може да биде човек.
Денес, по повеќе од 20 години, Мемо и Недељко, како што велат, не зборуваат за воените случувања, велат не сакаат да се присетуваат на тажни моменти.Да се биде херој во градот на хероите Горажде, не е ништо невообичаено. Нападот на градот кој уследил на 4 мај 1992 година бил почетокот на целосна

Пронајдете не на следниве мрежи: