Прекумерното потење под пазувите може да доведе до непријатна ситуација, а ако згора на сѐ и се нервирате поради тоа, веројатно имате забележано дека вашето тело уште повеќе реагира и повеќе се потите.Ако ви се чини дека сѐ правите како што треба, а дека потењето под пазувите и понатаму претставува проблем, пробајте да ги примените следниве превентивни методи:
Туширање
Туширајте се често и темелно. Употребувајте посебен сапун и никаде немојте да одите без претходно да се истуширате.
Соодветни производи
Добро размислете дали ги користите соодветните производи. Ако веќе имате проблем со потењето под пазувите, проверете дали употребувате антиперспиранти и дезодоранси кои би ви одговарале. Покрај адекватниот дезодоранс, употребувајте и спреј за тело. Никако немојте да го камуфлирате мирисот на потта со колоњска вода. Ако мислите дека ќе заглавите надвор, тогаш задолжително имајте при рака антиперспирант марамици кои ќе ви бидат добар сојузник.
Нега на влакната под пазувите
Обрнете внимание на влакната под пазувите, бидејќи на нив се собираат голем број бактерии, кои предизвикуваат ширење на непријатната миризба. Можеби по само едно благо кратење на влакната под пазувите, ќе забележите дека интензитетот на непријатниот мирис се намалил.
Облека
Облекувањето на повеќе парчиња облека е правило број 1 кај сите кои прекумерно се потат под пазувите. На овој начин, вие ќе бидете во состојба да соблечете одреден слој од облеката доколку ви биде претопло. Соблечете го капутот или јакната во автобус или автомобилот, бидејќи ризикувате непотребно да се испотите.
*Ако и по овие совети продолжите да се потите со посилен интензитет, тогаш подобро е да побарате совет од лекар. Но, запомнете дека оваа појава не е ненормална и невообичаена. Поентата е да ја откриете соодветната метода која ќе ви помогне да го решите проблемот.Ако ви се чини дека сѐ правите како што треба, а дека потењето под пазувите и понатаму претставува проблем, пробајте да ги примените следниве преве


