На човекот кој мислел дека боледува од грип, морале да му ги ампутираат и рацете и нозете за да преживее.Џон Мадлетих пред две години, кога бил хоспитализиран му рекле дека нема никакви шанси да преживее. Причината за неговата болест била бактеријата „месождерка.“
Неговата сопруга Роус рекла дека Џон се жалел дека е многу болен, дека се потел и се тресел од ладно.
Еден ден,кога стигнала дома таа го нашла како седи под прекривачот иако во просторијата имало силно греење.
Си претпоставувале дека има грип но сепак му телефонирале на лекарот за да бидат сигурни. Иако Џон веќе почнал да се губи лекарот му рекол да повика итна помош само ако му се влоши повеќе ситуацијата.
Следното утро Џон и понатаму имал покачена температура, се жалел дека не ги чувствува ни рацете ни нозете, а болката ја опишувал како нереална.
Тоа било премногу за Роус, која ја повикала Итната помош а тие го сместиле во болница. Се појавил и осип на телото кој набргу се претворил во темни модрици.
Бил префрлен на интензивна нега, а на сопругата и рекле дека нема да преживее…
Два дена по првите симптоми, неговата кожа поцрнела а во следните три недели животот му висел на конец.
Месец дена покасно, лекарите заклучиле дека му се развила сепса и дека мораат да му ги ампутираат рацете за да се спаси. Операцијата траела осум часа но тоа не било крај на ужасните вести.
Хирурзите морале да ги ампутираат и неговите нозе за да преживее.
Со помош на својата верна сопруга Роус, Џон по два месеци ја напуштил болницата. Од тогаш имал уште 26 операции. Сега по две години, Џон и Роус се обидуваат да гледаат само напред и на подорбо.
„Беше тешко на почетокот,ја изгубив смислата за достоинство а потоа реков, морам да продолжам напред“кажува Џон!
„Тој сеуште ја има својата смисла за хумор.Тоа нас и не одржа во живот.Џон е целиот мој свет.“-кажува Роус.Џон Мадлетих пред две години, кога бил хоспитализиран му рекле дека нема никакви шанси да преживее. Причината за неговата болест била бактеријата &



