Николае и Елена „се’ уште беа многу вљубени“ и бараа да умрат заедно и покрај пресудата која предвидувата одвоено погубивање. Тој им ја исполнил таа последна желба и се теши што ги убил веднаш. „Многу брзо ги застрелав. Сметам дека им овозможив да умрат достоинствено“, вели.
И денеска сум нервозен кога говорам за тоа, вели и ја испива чашата ракија. „Прекинав два животи. Во војна тоа е прифатливо, но многу е потешко кога ќе убиеш невооружени луѓе. Тоа никому не би му го посакал, иако мене убивањето луѓе ми е работа.
Рацете на Лионел Боеру се тресат додека говори за „Гардијан“ за денот кога пред 25 години крај тоалетот во смрзнатиот двор во Трговиште го стрелаше романскиот диктатор Николае Чаушеску и неговата сопруга Елена.
На Божиќ 1989 година тој бил стражар на новното мелодрамско формално судење. Ги извел од зградата додека диктаторот ја пеел Интернациоалата, а неговата помалку прибрана жена врескала „е*ете се“! Потоа ги поставил пред ѕидот и ги покосил со својот калашњиков.
Се се случи толку брзо што воениот фотограф кој го снимал сидењето успеал да го фати само последниот рафал и телата што се струполија на подот. Но, и тие неколку секунди го обележија животот на овој падобранец.
-И денеска сум нервозен кога говорам за тоа, вели и ја испива чашата ракија. „Прекинав два животи. Во војна тоа е прифатливо, но многу е потешко кога ќе убиеш невооружени луѓе. Тоа никому не би му го посакал, иако мене убивањето луѓе ми е работа.
Крупен човек со мустаќи од матните снимки, денеска е полничок дедо кој не жали што токму тој го означи крајот на владеењето на Чаушеску, обележана со страв и сиромаштија. И неговото семејство било меѓу милионите прогонети.
-Мојот дедо беше свештеник, либерал, поголемиот дел од животот го помина во затвор, вели Боеру. Ми рече: „Без грижа, јас на себе ги земам твоите гревови“.
Не е лесно да се биде еден од најславните крвници на минатиот век. Го плати тоа со губење на приватноста и брак со жената на која и пречеше таквата мачна слава.
Боеру верува дека токму неговите куршуми ги убија Чаушеску и неговата сопруга, бидејќи кога почнал да пука, воочил дека еден од тројцата членови на стрелачкиот вод се скаменил на неголку секунди, а другиот заборавил да го стави оружјето да работи на автоматски начин, а успеал да испука само неколку поединечни куршуми.
Николае и Елена „се’ уште беа многу вљубени“ и бараа да умрат заедно и покрај пресудата која предвидувата одвоено погубивање. Тој им ја исполнил таа последна желба и се теши што ги убил веднаш. „Многу брзо ги застрелав. Сметам дека им овозможив да умрат достоинствено“, вели.
Боеру тогаш имал 31 година и бил во елитната падобранска единица, каде се јавил како доброволец за таинствената божиќна мисија. Наредбата ја добиле само миг пред средбата со Николае Чаушеску кој само пред ден-два бил апсолутен владетел.
„ Министерот ме праша: Војнику можете ли тоа да го сторите?“, одговорив, „Можам“. А што можев да речам?“.
И денеска сум нервозен кога говорам за тоа, вели и ја испива чашата ракија. „Прекинав два животи. Во војна тоа е прифатливо, но многу е потеш



