Во еден момент биле среќно семејство на одмор, а веќе во следниот момент биле во пеколот!

Двајца Британци, браќата Пол и Роб Форкан, биле едвај тинејџери во 2004 година, кога со семејството отишле на одмор во Шри Ланка.Тие двајца, како и нивните родители, помалиот брат и сестра се сместиле во еден од рајските бунгалови кој се наоѓал на југот од егзотичната азиска држава.
Едно утро, Роб се разбудил необично рано, и забележал дека во нивниот апартман влегла мала количина вода.
Помислил дека тоа е нормална работа, имајќи во вид дека бунгаловот се наоѓал сао неколку десетина метри од брегот. Семејството Форкан тој ден испланирало целодневно уживањево благодетите на Шрил Ланка.

Ништо не насетувало на кобното сценарио кое следело. Надвор владеела страшна тишина. Без звукот на птиците и шумот на брановите.
Одеднаш, се слушнал вресок на стариот пар од Италија кој бил сместен во соседниот апартман. Роб истрчал надвор, и видел како стојат на балконот и тресејќи се покажуваат кон морето.
Земјата почнала да се тресе, а кон нив се движел, огромен бран. Роб се скаменил од страв, и почнал да го буди помладиот брат Пол. Излетале од апартманот, а нивните мисли биле окупирани од страшниот бран кој се движел кон нив и грижата за родителите, сестрата и братот кој биле во бунгаловот кој се наоѓал уште поблиску до брегот.

 
Кога истрчале надвор, имале што да видат. Бранот рушел се пред себе, а куќите се рушеле како домино.
Палмите со сета сила се противеле да не бисат искорнати од земја, кога Роб и Пол го здогледале помладиот брат, 12-годишниот Мети, кој се качува на дрво за да ја избегне водената стихија.
Успеале да дојдат некако до него, а тој во солзи ги прашал каде се нивните родители.
Во целата паника сега морале да ги пронајдат родителите и нивната деветгодишна сестра Роузи. Дошле до нивниот бунгалов, кој повеќе личел на руина, отколку на оној рајски апартман од пред само неколку часа.

Одлучиле да побараат сигурно место. Се пробивале низ рушевини, искорнати дрвја и лешеви на несреќно загинати мештани и туристи. Дошле до градот, каде владеела панична атмосфера. Луѓето плачеле, некои носеле тела на свои блиски, додека некои биле облеани со крв, полесно или потешко повредени. Кратко кажано- одмор од пеколот.
Стигнале до она што останало од еден хотел во центарот на градот, додека загриженоста за семејството ги убивала. Одеднаш, им се приближил помлад пар и ги прашал: „Имате ли сестра? Едно девојче се наоѓа во хотелот!“
Браќата влетале во преполната зграда која можела да се сруши во секој момент. Малата Роузи харбро се држела за гелендерот додека водата се повеќе надоаѓала. Роб и Пол успеале некако да ја извлечат.
Веќе било пет часот попладне. Поминале повеќе од девет часа откако започнало цунамито. Заедно со останатите преживени туристи и мештани, биле упатени во локалната болница. На пат до таму, Роб видел пространство со големина на 4 фудбалски играишта … преполно со остатоци од срушени куќи, палмии тела на настрадани.

 
По доагањето во болницата, еден од спасителите им соопштил дека ги пронашле нивните родители. За жал, биле дел од многубројните жртви на цунамито кое ја опустошило Шри Ланка.

Денес, десет години подоцна, семејството Фокран се занимава со хуманитарна работа, помагајќи им на децата од Шри Ланка, а основале и добротворна организација како знак на сеќавање на своите трагично загинати родители.
Тие двајца, како и нивните родители, помалиот брат и сестра се сместиле во еден од рајските бунгалови кој се наоѓал на југот од егзотичната азиска

Пронајдете не на следниве мрежи: