Пушењето марихуана на 18- годишна возраст може да доведе до инвалидност

Добиените резултати од долгорочното истражување на мажите од Шведска покажа дека зголемената употреба на “лесната дрога” може да доведе до проблеми меѓу постарата популација.Истражувачте предупредија дека момчињата кои пушат марихуана во голема мера на 18- годишна возраст имаат поголема веројатност да останат инвалиди додека наполнат 60 години.
Сепак, научниците велат дека не е јасно дали употребата на марихуана во адолесценцијата може да доведе до користење на потешки дроги или е ран знак на психилошки или социјални фактори кои ќе придонесат за подоцнежната евентуална инвалидност.
“Постои причина да се верува дека здруженијата кои беа истражувани, се развиваат во текот на подолг временски период и се соочуваат со проблеми на пазарот на трудот, во системот на социјалното осигурување и со индивидуалците.”- изјави лидерот на истражувачкиот тим, Ана- Карин Даниелсон од Институтот Каролинска во Стокхолм.

Истражувачите открија дека момчињата кои користат марихуана, повеќе од 50 пати на 18- годишна возраст, имаат 30 проценти поголема веројатност да останат инвалиди на возраст помеѓу 40 и 59 години.
Слични резултати се видени и кај младите кои помалку ја користат дрогата, со што се зголемува бројот на можни инвалиди во средовечната доба.
Меѓутоа, кога истражувачкиот тим вклучи други фактори, како социоекономската позадина, користење на други видови дрога до 18- годишна возраст, психилошки дијагнози и други здравствени проблеми, статистичките податоци покажаа значајно исти резултати ,што значи дека тоа не се должи на среќа- само за најголемите корисници на марихуана кои пушеле повеќе од 50 пати како млади.
Даниелсон изјави дека пушењето марихуана на млада возраст може да го зголеми ризикот од негативни социјални последици во подоцнежниот живот и дека претходните студии покажаа честата употреба на марихуана може да го зголеми ризикот од употреба на други дроги.

“Тоа може да биде случајот кога користењето на канабис од страна на младите може да доведе низа од негативни животни настани, како што се: нелегална продажба на дрога, болест( на пр. зависност) и користење на инвалидска пензија. Истражувањата го поврзуваат канабисот со различни психолошки и здравствени проблеми, како и негативните социјални последници.”
Таа и нејзините колеги ги анализираа податоците од голема студија во која беа вклучени речиси 50 000 мажи родени меѓу 1949 и 1951 година, кои служеле задолжителна воена служба во 1969 и 1970 година.
Околу 9 проценти од младите изјавиле дека користеле марихуана кога отишле да служат воек рок, а 1,5 процент изјавиле дека користеле повеќе од 50 пати.Истражувачте предупредија дека момчињата кои пушат марихуана во голема мера на 18- годишна возраст имаат поголема веројатност да останат инвалиди д

Пронајдете не на следниве мрежи: