ВРЕМЕ Е ЗА ЗДРАВИ ОДЛУКИ: Еве зошто треба да ги одбегнувате газираните пијалаци!

Доколку сте и вие дел од многубројните обожаватели н газираните пијалаци, време е да размислите за промена на таа нездрава навика. Газираните пијалаци се поврзуваат со многубројни болести и научно е докажано дека негативно влијаат на човековиот организам.Ви приложуваме четири главни причини поради кои би требало да ги избегнувате газираните пијалаци:
Дебелеење
Газираните пијалаци содржат големи количества шеќер и број на калории. Затоа не зачудува фактот дека газираните пијалаци се поврзани со дебелината кај децата и возрасните ширум светот.
Газираните пијалаци и напитоците за кревање на енергијата ја зголемуваат шансата за дебелеење и на тој начин допринесуваат за зголемување на бројот на заболени од болести на срцето, дијабетес, па дури и некои облици на рак.

Дијабетес
Разните облици за зголемување на интензитетот на вкусот ја намалуваат чувствителноста на организмот на инсулин, поради што расте нивото на гликозата во крвта и се јавува дијабетес.
Имајте на ум дека газираните пијалаци не ја гаснат жедта и во некои случаи создаваат и зависност.
Срцеви заболувања
Експертите објаснуваат дека газираните пијалаци нема да предизвикаат срцеви заболувања сами од себе, но со сигурност ќе помогнат при нивниот развој.
Забен кариес
Консумирањето на сите облици на шеќери може да допринесе и до пропаѓање на забите, затоа што киселината настанува кога бактеријата ќе влезе во устата и се меша со шеќерот. Доколку киселината од газираните пијалаци е присутна во устата повеќе од 20 минути, таа предизвикува таложење на плак на забите и непцата и го забрзува пропаѓањето на забите.
Затоа е битно да се ограничи внесувањето на преработена слатка храна и напитоци.Ви приложуваме четири главни причини поради кои би требало да ги избегнувате газираните пијалаци:
Дебелеење
Газира

Пронајдете не на следниве мрежи: