Експерименталниот лек против ебола почна да делува

Тројца либериски здравствени работници, кои примале од овој експериментален лек против еболата, покажуваат знаци на подобрување, соопштиле денес потпаролите.„Медицинските експерти го известија либериското министерство дека напредокот  на заболените покажуваат знаци на подобрување“.
Либеријците се лечат  со најновиот лек „ZMapp” кој претходно бил даден на двајца заразени Американци и на еден Шпанец.
Американците се подобруваат, но пациентот од Шпанија починал.
Експертите навеле дека е нејасно дали лекот кој никогаш претходно не бил тестиран на луѓе, е ефикасен и дека најдобар начин да се спречи ширењето на епидемијата во западна Африка е да се идентифицираат и изолираат  болните и да се следат сите кои биле во контакт.
Повеќе од 1.200 луѓе починаа од ебола во Гвинеа, Либерија, Сиера Леоне и Нигерија од епидемијата, а повеќе од 2.200 лица заболеле, соопшти денес Светската здравствена организација„Медицинските експерти го известија либериското министерство дека напредокот  на заболените покажуваат знаци на подобрување“.

Пронајдете не на следниве мрежи: