Видео: Еве зошто жените во Јапонија живеат подолго!

Жените во Јапонија живеат скоро 10 години подолго од сите жени, а тајната на долговечност и младиот изглед е во исхраната и начинот на живот. Според порталот Магазин,во последните 25 години, Јапонките го држат рекордот како најдолговечни жени во светот, со просечен животен век од 84 и пол години, а покрај тоа и не се дебелеат.  Наоми Моријама, во својата книга “Јапонките не стареат, ниту се дебелеат”, го води читателите во светот на мајчината кујна во Јапонија и ги открива тајни за здрав и долг живот.
Моријама наведува дека намирниците(риба,зеленчук,соја,овошје,зелен чај,морски билки,ориз) кои помагаат во слабеење,се дел од секојдневната јапонска кујна.
Секојдневно, Јапонците уживаат во придговтените оброк, при што традиционалниот оброк се состои од риба на скара, чинија ориз, варен зеленчук, зелен чај, супа и зеленчук.
Важно е да се напомене дека Јапонците конзумираат околу 10 проценти од светската потрошувачка на риба, иако сочинуваат само 2 проценти од светската популација.

Правилата според кои мораат да се придржуваат, подразбираат никогаш да не ја полнат целосно чинијата, ниту да сервираат големи порции и секој прехранбен производ да биде посебно сервиран.
Наместо леб, со сите оброци јадат ориз и тоа претставува голема разлика во тоа како се јаде на истокот и западот.
Во Јапонија најважен оброк е појадокот, кој може да биде составен од бројни намирници и пијалоци, како што се зелен чај, варен ориз, тофу, млад лук, морска трева, омлет и парче риба.
Десертите во Јапонија ретко се јадат, а кога се на менито обично се работи за мали порции. Тоа не значи дека Јапонките не сакаат чоколадо, колачи, сладолед и торти, туку сфаќаат какви несакани последици може да придонесе таа храна на телото.
“Вежбањето е секојдневна навика во Јапонија,а имаат воведено и култура за возење велосипед, пешачење и планинарење.”- истакна Моријама.
Во следното видео можете да видите како се храни една јапонка:  
Наоми Моријама, во својата книга “Јапонките не стареат, ниту се дебелеат”, го води читателите во светот на мајчината кујна во Јапонија

Пронајдете не на следниве мрежи: