Брејди му се испречил на атентаторот, па овој и во него ги испукал куршумите кои беа наменети за тогашниот шеф на Белата Куќа.Џејмс Брејди (73), поранешниот портпарол на починатиот претседател на САД, Роналд Реган, почина во понеделникот – објави неговото семејство.
Брејди на 30 март 1981 година, тешко страдаше за време на безуспешниот атентат врз Реган. Тој беше еден од четирите лица кои добиле куршуми што беа наменети за тогашниот американски претседател. Тој никогаш сосема не се опоравил од тешката повреда на главата и остатокот од животот го поминал во количка.
Ранувањето и психички влијаело врз Брејди: тој ги смени своите ставови за оружјето и стана еден од најголемите борци за контрола на личното наоружување.
Брејди беше познат по веселата природа и духовитоста, посебно во односите со новинарите.
Џејмс Брејди (73), поранешниот портпарол на починатиот претседател на САД, Роналд Реган, почина во понеделникот – објави неговото семејство.



