Колин Сајнс (46) од Велика Британија, е среќен што е жив, по нападот на ретка бубачка која за малку ќе му ја изела цела лева нога. Возачот на камион бил на работа кога го почувствувал убодот и видел дека ногата му отекла. За половина час била двојно поголема од нормалната големина, што го натерало Колин да ја отсече својата чизма со нож.„Бев во маки, болката беше интензивна“, вели Колин.
Тој потоа некако се довлечкал до дома и неговата сопруга побарала Брза помош.
Итно е однесен во болница каде докторите му го отсекле заразеното месо од ногата под коленото. После тоа паднал во кома, која траела 12 дена и имал халуцинации и ноќни мори кои го прогонувале до денес.
„Мојата нога е цела изедена. Бев во отровен шок. Моите бубрези и црн дроб откажаа. Умирав“, вели Колин.
Се уште не е познато како го нападнала ретката бубачка, ниту пак за каква станува збор.
„Седев во болница и плачев до изнемоштеност мислејќи дека никогаш повеќе нема да можам да одам“, истакна возачот на камионот.
„Бев во маки, болката беше интензивна“, вели Колин.
Тој потоа некако се довлечкал до дома и неговата сопруга побарала Брза помо



