Додека се обидувал да изведе аикодо акробации во 2009 година Рајан Чед паднал од 35 метри височина и се здобил со тешки телесни повреди на 'рбетниот мозок. Тој веднаш бил парализиран од половината па надолу. Тој сега има 25 години а за да се движи користи инвалидска количка. Тој неодамна е фотографиран и неговата слика стана хит на интернет! А објаснување за сликата е само еден збор „СРЕЌА“.
„Гледајќи го другарот во инвалидка количка како „сурфа“ низ публиката како да е Господ можам слободно да го употребам терминот „епски“- вели едно момче од публиката.
Чен открива дека оваа слика е направена претходната година за време на музички фестивал во Сан Франциско. А таму бил однесен од неговиот пријател Џејмс Маркус.
Исто така, Маркус во моментов режира документарен филм во кој ќе има многу информации и за неговиот другар Чен.
„Маркус навистина е извор на авантура во мојот живот” вели Чен.
Исто така двајцата додаваат дека на музичкиот фестивал имале одлично искуство и дека „сурфањето низ публиката“ се случило токму на омилената песна на Чен „My Body.”.
„Текстот е страшен. Тоа е химна на мојот живот и една од најголемите песни некогаш напишана “, вели тој.
„Моето тело ми кажува не, но јас нема да престанам”, а песната оди. “Затоа што сакам повеќе, затоа што сакам повеќе.”-додава.
Едно е сигурно оваа слика покажува што е СРЕЌА!Тој неодамна е фотографиран и неговата слика стана хит на интернет! А објаснување за сликата е само еден збор „СРЕЌА“.
„Г



