Маја Павловиќ, студентка по медицина и иден кардиолог, го привлекла вниманието на британскиот „Дејли меил“, кој за оваа убавица вели дека на многумина им го забрзала пулсот кога го освоила првото место на натпреварот за бикини во Шпанија.Оваа 23 годишна убавица неодамна добила награда за најубави нозе на натпреварот “Women`s Bikini Fitness Contest” во Шпанија. Освен што студира и учествува на натпревари, Маја е и политички активна моментално е член на Социјалистичката партија на Србија, наведува чуениот весник во текстот посветен на идната докторка.
Маја е избрана за член на гласачкиот одбор на Чачак, и како што вели, се надева дека, паралелно со медицината ќе се занимава и со политика. Оваа атрактивна девојка моментално е пета година медицина на Универзитетот во Крагуевац. Наводно, кога ќе дојде на пракса во болница, многумина се преправаат дека се болни само за да ги прегледа.
„Ја сакам медицината и би сакала да бидам успешна во тоа. Но, ја сакам и политиката. Секако, сакам и да продолжам да учествувам на натпревари за убавина и да патувам“, вели Маја за „Дејли меил“.
Финалето од овој натпревар ќе се одржи помеѓу 17 и 20 октомври во Канада, а до тогаш Маја ќе има многу обврски околу факултетот и политичкиот ангажман.
Оваа 23 годишна убавица неодамна добила награда за најубави нозе на натпреварот “Women`s Bikini Fitness Contest” во Шпанија. Осве
Пронајдете не на следниве мрежи:



