Индијска фирма која произведувара куќни апарати и што уште не, на пазарот исфрли нов прочистувач за вода, а во рекламната кампања цели кон вегетаријанците тврдејќи дека во нивната вода нама баш ништо што вегетаријанците не треба да конзумираат.Иако звучи прилично апсурдно, фирмата Prestige произвела прочистувач за вода Life Straw кој ќе ви пружи „чиста вгетаријанска вода“ и во рекламната кампања се прилично сигурни во тоа.
„Чиста вегетаријанска вода? Тоа е сигурно некаков трик“, стои во нивната реклам аобјавена нво весник. Но веднаш даваат и одговор: „Повеќето прочистувачи тврдат дека ги убиваат сите вируси, бактерии и бацили. Но убиените микроорганизми остануваат во водата што ја прави безбедна за конзувација, но не и вегетаријанска“.
Затоа тие имаат совршено решение и нивните филтери наводно острануваат 99.9999 проценти вируси и бактерии од водата, и ги задржуваат сите важни минерали.
Но, она што на рекламните генијалци не им паднало на ум е тоа што бактериите и вирусите не се животни, а ако веќе ги сметаме за животни- како вегетаријаците да го решат проблемот со истите тие организми кои живеат во нашите тела или со билките кои ги јадат?
Некако ни се чини, колку и да е оригинална, оваа рекламна кампања нема да биде толку успешна. Иако звучи прилично апсурдно, фирмата Prestige произвела прочистувач за вода Life Straw кој ќе ви пружи „чиста вгетаријанска вода“ и во



