Тест и совети за тоа колку се грижите за вашите очи

Видот е најдрагоценото сетило, и затоа треба да внимавате истиот да го зачувате во што подобра состојба. Денес споделуваме со вас неколку совети за правилна нега и заштита на очите, како и еден мал тест за тоа што е добро а што не за нив.Кога последен пат бевте на контрола кај очен лекар? Не се сеќавате? Сигурно тогаш се било во ред, но денес видот малку како да ви е заматен? Мора да внимавате на вашите очи. Тие се едни од најосетливите органи на вашето тело. Мора да ги чувате каде и да одите. Еве на што да внимавате во различни предели:
Во море – Добро проверете дали има медузи во водата. Медузите испуштаат течности кои доколку дојдат во контакт со вашите очи можат да предизвикаат инфекции на рожницата.
На плажа – Ако ви влезе песок во окото, ни случајно не тријте го окото. Тоа е исто акко со шмиргла да поминувате преку рожницата. Веднаш иплакнете ги очите со слатка вода.
На планина – прекумерната количина на светлина е штетна за очите, па затоа во планинските и шумските предели на сончеви денови носете си очила за сонце. Не мора да се со многу добар квалитет.
Во базен – тука просто не можете да им избегате на хлорот и бактериите. Најдобро ќе биде да користите очила за пливање и нуркање.
На пат – ако возите преку ноќ, очите се заморуваат. Задолжително правете попатни паузи. Одморајте се на секои три до четири часа.

 
Сега, да направиме еден мал тест. Прочитајте ги прашањата и одлучете се дали фактите се точни или неточни:
1. Спанаќот е најдобар за вашите очи. Точно или неточно?
2. Работата на компјутер не го оштетува видот. Точно или неточно?
3. Очилата кои спречуваат ултравиолетово зрачење пруаат потполна заштита. Точно или неточно?
4. Слатката храна придонесува за „старечката дегенерација“ на окото. Точно или неточно?
Готови ли сте? Проверете ги точните одговори на наредната страница.

 
1. Неточно – иако спанаќот помага за подобар вид, потребно е да конзумирате разновидни зеленчуци. Зеленчуците богати со витамините Ц и Д им помагаат на очите.
2. Точно – видот не слабее од работа на компјутер, но се случува нешто друго. Бидејќи помалку трепкате, очите се сушат и видот ви се заматува. Најдобро е да користите капки за очи.
3. Неточно – секогаш проверувајте ги очилата кои ги купувате. Можрби нудат заштита од ултравиолетови зраци, но таа ретко кога е потполна.
4. Точно – научниците се уште не дошле до сознанија зошто ова се случува, но веќе е  и докажано дека премногу слатка храна лошо влијае на видот.Кога последен пат бевте на контрола кај очен лекар? Не се сеќавате? Сигурно тогаш се било во ред, но денес видот малку како

Пронајдете не на следниве мрежи: