Дали се користите со Википедија за да дознаете некоја информација за болести? Еве зошто не би требало да го правите тоа. Главниот автор на истражувањето, Роберт Хасти, рече дека многуте утврдени грешки се релативно мали, но можат да имаат сериозни клинички импликации.Википедија може да биде многу корисен извор на информации, но тие информации сепак треба да се земаат со внимание, посебно кога станува збор за важни теми, како што се болести и нивното лекување. Имено, истражувањата на научниците од американскиот Универзитет Кемпбел, покажа дека девет од десет медицински статии на Википедија, содржат погрешни информации. Затоа се предупредува дека Википедија не треба да се користи како замена за доктор.
Во статиите за теми како што се дијабетисот, ракот на белите дробови и болки во грбот, пронајдени се низа погрешни информации. Меѓу нив е и еден факт според кој за дијагностицирање на висок крвен притисок е потребно да се измери висок притисок најмалку трипати, што според научниците не е вистина и може да доведе до опасно одложување на лекувањето. На второ место, погрешно се наведува дека антидепресивите не се корисни за децата.
Некои фармацевтски компании се најдоа под обвинение дека пишуваат статии за Википедија, со цел да ги отстранат информациите за штетните нус појави. Посебно е загрижувачки фактот дека Википедија ја користат и самите медицински експерти – во склоп на претходни истражувања, 70% од лекарите и студенти по медицина, имат признаено дека користат Википедија за упатства.Википедија може да биде многу корисен извор на информации, но тие информации сепак треба да се земаат со внимание, посебно кога станува збор за важ



