Дваесет и четиригодишниот Алмир Хоџиќ од градчето Љубља во близина на Приједор, еден од најдобрите студенти кој има дипломирано во 2009 година на Правниот факултет во Бања Лука, моментално е вработен како чувар на овци, а и секој ден работи на поле каде вози трактор и се занимава со останатите земјоделски работи…За време на студиите Алмир знаел дека е тешко да се најде работа, но верувал дека најдобрите студенти ќе успеат да најдат.
Затоа и напорно учел, верувајќи дека со просекот полесно ќе се вработи како правник. Сепак, тоа не се случило. Од октомври минатата година, кога дипломирал, конкурирал за неколку работни места и испраќал отворени молби, но засега сите негови обиди да пронајде работа биле безуспешни.
„Сите испити ги дадов на време и никогаш не сум паднал на испит”, вели Алмир кој и за време на студирањето им помагал на родителите околу земјоделските работи.
Земјоделските работи и сточарството, во минатото како и денес, на неговото семејство им се основен извор на приходи за живот, а и за неговото школување и студирање, па така и денес дипломираниот правник по 12 часа дневно се занимава со работа која нема врска со негово образование.
Тој е свесен е дека корупцијата и непотизмот се проблем на босанското општество, велејќи дека неколкупати му кажале дека ги исполнува условите за работното место за кое конкурирал, но дека нема врски, па така се решил на овој чекор.
„Жално што од десеттемина најдобри студенти од неговата генерација само тројца успеале да се вработат“, вели Алмир кој вели и дека размислува да си замине од родниот крај доколку нештата не се променат.
извор:академик.мкЗа време на студиите Алмир знаел дека е тешко да се најде работа, но верувал дека најдобрите студенти ќе успеат да најдат.
Затоа и напорно



