Конечно научниците пронајдоа лек против болка

Научниците од универзитетот Дјук тврдат дека можеби откриле алтернатива за досега познатите аналгетици. Станува збор за висококонцентрирано анти-тело кое ја потиштува болката непосредно делувајќи на нервните клетки.Професорот Сак-Јонг Ли прво имал намера да изолира одреден тип на натриумов канал наречен Нав1,7 кој се наоѓа на невроните за да го проучи. Натриумовите канали служат за регулирање на електричните импулси од нервните клетки.
Ли сакал да дојде до протеинот кој се наоѓа во натриумовите канали, но тогаш дошол до идеја за тоа што би се случило ако создаде антитело кое ќе ја инхибира функцијата на каналите во живите организми.
Антителото претставува протеин присутен кај сите рбетни живи суштества и врши таква функција во имунолошкиот систем што се врзува за патогените организми, прави меморирање на истите за понатаму телото да може да се одбрани од нив.

 
Ова антитело има висок афинитет спрема натриумовиот канал Нав1,7 кој е одговорен за чувството на болка и јадеж. Антителото се врзува за каналот и го става во неговата исклучена состојба. Кога натриумовиот канал е блокиран, низ него не поминуваат електричните импулси кои ни задаваат чувство на болка.
Научниците веќе го тестирале ова антитело на глувци и утврдиле дека нема несакани ефекти, но и дек истото не создава зависност, како што може да се случи со некои други аналгетици.Професорот Сак-Јонг Ли прво имал намера да изолира одреден тип на натриумов канал наречен Нав1,7 кој се наоѓа на невроните за да го

Пронајдете не на следниве мрежи: