Тајните на графологијата: Запознајте го човекот преку ракописот

Сакате некого да го запознаете подобро? Послужете се со графологијата. При анализата предвид се земаат големината и свиоците во потписот, начинот на кој се разликуваат името и презимето, надредните знаци во потписот, почетните букви, користење точки итн.Големината на буквите покажува колку една личност сака да биде забележана. Оние кои с епотпишуваат со букви со иста големина како нивниот вообичаен ракопис се скромни и малку повлечени, додека оние кои се потпишуваат со големи букви се многу самоуверени и сакаат да бидат забележани.
Буквите кои отскокнуваат од низата зборови посочуваат на личност која е амбициозна и сака секогаш да биде видена и слушната. Но така овие личности често ја прикриваат својата несигурност во себе.
Потпис помал од вообичаениот ракопис посочуваат ан тоа дека личноста пати од комплекс на ниски вредности, многу е срамежлива, па на моменти и исплашена. Во состојба е да направи се за да си ја зачува приватноста.

 
Ако буквите во потписот се поситни од остатокот од ракописот, тоа посочува дека оваа личност сака да се затвора и да живее во сопствен замислен свет.
Ако потписот паѓа под линијата, личноста е песимист, а ако лебди над линијата, станува збор за оптимист.
Исто така, ако буквите се накосени на лево, тоа значи дека личноста е претпазлива и резервирана, додека пак букви накосени на десно посочуваат на личност склона на манипулации.
Доколку буквите не се читки, тогаш станува збор за личност која се обидува нешто да сокрие, или пак е само безобѕирна. Свиоците и украсите во потписите пак се знак за креативна личност која е роден водач.Големината на буквите покажува колку една личност сака да биде забележана. Оние кои с епотпишуваат со букви со ист

Пронајдете не на следниве мрежи: