Доколку имате проблем со настинки и кашлица, тешкотиите можете да ги ублажите со некои од билните чаеви и сирупи кои лесно можете да ги направите дома.Сезоната на грипот е пред нас, што значи дека претстои борба со кашлиците. За да го ублажите и да го излечите чувствителното грло, испробајте некои од билните чаеви и сирупи кои лесно можете да ги направите дома.
Еден од изборите може да биде чај со лимон, мед и ѓумбир.
Се прави така што во мал сад се ренда ѓумбир, се прелива шолја со зовриена вода, после 5 минути течноста се цеди во шолјата и во сето тоа се додава една лажичка мед. Лимонот е богат со витамин Ц и со тоа е одличен за зајакнување на имунитетот, тој има природни антибактериски својства, додека ѓумбирот пак ќе ве загрее. Заедно здружени прават одлично средство за смирување на симптомите на настинка.
Другиот напиток кој може да ве ослободи од кашлање се прави од две есенцијални масла од еукалиптус и лимон, како и две лажички мед. Една лажичка од оваа мешавина ставете во пола чаша топла вода и пиете ја пополека.
Еден од најлесните и најбрите начини да се изборите со сите кашлици е да земете пијалок од бибер. Во лонче ставете десет зрна бибер, прелијте со вода и оставете да зоврие. Процедете го биберот и почекајте напитокот да стане млак па додајте лажичка мед и земете со помалку голтање. Веќе за неколку дена кашлицата ќе попушти, а после два дена редовно земање потполно ќе престане.
Можете да го испробате и ова- помешајте вода со три чешлиња лук со малку мед и млеко, па мешавината загрејте ја во рерната. Кога ќе зоврие покријте и оставете лукот да се приготви уште саат два се додека течноста не стане темна.
Во шолја ставете две лажички мед, две лажички јаболков оцет и на крај сок од лимон, па прелијте со врелата течност во која се приготвуваше лукот. Наутро штом станете или пред спиење пијте го овој сируп и кашлицата ќе исчезне за неколку дена
Билната терапија е идеална во случај на тешка кашлица. Одредени билни чаеви како што се оние од еукалиптус, анис, мирудија, се доста ефикасни. За да направите чај од овие билки, доволно е една или две лажички да ставите во зовриена вода и да почекате да отстои извесно време. На пример корењата треба да отстојат 15 а листовите од 3- 10 минути.
Дневно пијте од три до четири шолји. Сезоната на грипот е пред нас, што значи дека претстои борба со кашлиците. За да го ублажите и да го излечите чувствителното грло, испробајте некои



