10 знаци дека имате премногу кандида и како да го решите тоа

Кандидата е квасна габа која е присутна во нашата уста и дигестивниот систем. Таа помага во варењето на храната, но доколку ја има во поголеми количини од потребното, може да предизвика здравствени проблеми. Може да ги разори ѕидовите на дигестивниот тракт, да се пробие во крвните садови, па и да предизвика депресија.Количината на кандида во вашето тело може да се зголеми доколку се наруши балансот на корисни бактерии во организмот, кои ја контролираат кандидата да не нарасне.
Ова најчесто се случува кога земате антибиотици, кога земате контрацептивни средства по орален пат, кога пиете алкохол, па и кога држите диети кои од вас бараат почесто внесување на рафиниран шеќер и јаглехидрати во организмот.
10-те најчести симптоми за зголемена кандида се:
1.Габични инфекции на кожата и ноктите
2.Чувство на замор и исцрпеност.
3.Дигестивни проблеми, како надуеност, запек или дијареа.
4.Автоимуни болести како хашимотов тиоридитис, лупус, псоријаза, мулиплекс склероза и слично.
5.Потешкотии со концентрацијата, слаба меморија, слаб фокус и слично.
6.Проблеми со кожата како егзема, псоријаза и слични форми на осип или ранички.
7.Раздразнетост, анксиозност, или депресија.
8.Вагинални инфекции, инфекции на уринарниот тракт, јадеж околу вагината или анусот.
9.Сериозни сезонски алергии или чешање во ушите.
10.Засилена потреба за шеќер и јаглехидрати.

 
Кога ќе ви се дијагностицира покачена кандида во организмот, прво што треба да направите е да го намалите внесот на јаглехидрати. Шеќерот ја храни габата, па затоа елиминирајте го и во наједноставните и најслатки форми како слатки, чоколада, брашно и алкохол.
Се препорачува и каприлична киселина, која ја има во млечните производи, особено во сирењето.
Исто така, морате да земате и пробиотици со цел бројот на корисни бактерии во организмот да го вратите во нормала, бидејќи нивниот недостаток е причина број еден за порастот на кандидата.
Количината на кандида во вашето тело може да се зголеми доколку се наруши балансот на корисни бактерии во организмот, кои ја контролираат кандидата

Пронајдете не на следниве мрежи: