Светлото пиво е поздраво од темното, виното е подобро ако е постаро, отрезнувањето може да се забрза со кафе и алкохолот го убива мозочните клетки…ова се некои од попознатите митови.Светлото пиво е поздраво
Бојата на пивото првенствено зависи од житарката од која е направено, а некои темни видови на пиво всушност содржат помало количество на алкохол и калории, истакнуваат експертите. Освен тоа, студиите покажуваат дека луѓето кои консумираат темно пиво во просек пијат помалку алкохол, бидејќи тоа е со „потежок вкус“, што во секој случај е поздраво.
Што е постаро, виното е поздраво
Во подрум се складираат исклучително врвните вина, додека оние со среден и низок квалитет најдобро е да се испијат година-две по датата на произведување, бидејќи со стареењето се губи уделот на антиоксиданси во него.
По еден пијалак на час и ќе можете да возите накај дома
Всушност, овој мит не е точен. Временски е потребно многу повеќе, а количеството на алкохол во организмот не исчезнува за време на тој период, туку се акумулира. Ако пијалокот нема голем процент на алкохол, тогаш можеме да си допуштиме една пијачка во два часа.
Чашка пред спиење го подобрува сонот
Една пијачка пред заминувањето на спиење врз поголем број на луѓето ќе влијае побрзо да заспијат, но вистината е дека сонот под влијание на алкохолот е неквалитетен, со чести будења и отежнат влез во РЕМ фазата од сонот, која е заслужна за чувството на одмореност.
Постои рецепт за побрзо отрезнување
Кафе, туш, кисела храна, па дури и повраќањето, за многумна се стандарден рецепт за побрзо трезнење. Сепак, експертите тврдат дека темпирањето на трезнењето не е можно, а додатоците кои содржат кофеин само привидно влијаат на будноста. Овие производи всушност имаат контра ефект бидејќи предизвикуваат понатамошно губење на вода. Како единствен лек за пијанство се наметнува надокнадувањето на течности и спиењето.
Штом ќе тргнете, не престанувате да одите во тоалет
Чест мит кај пиењето е да се одложува одењето во тоалет, бидејќи еднаш штом ќе тргнете, нема да престаните да одите. Но, сепак, истражувањата покажале дека ова не е точно и дека одложувањето нема да го намали бројот на одења во тоалет.
Пивото е виновно за растење на стомакот
Наталожувањето на маснотии на подрачјето на стомакот е резултат од специфичната телесна градба, како и прекумерното внесување на калории, тврдат научниците. Така, слабите луѓе можат да пијат пиво и да немаат стомак, а оние што имаат поголем стомак можат да ги обвинуваат слатките за тој проблем.
Алкохолот ги убива мозочните клетки
Студиите сепак покажаа дека жестоките пијачки, како и секојдневното пиење најмногу му штетат на мозокот и делуваат како фактор за предизвикување на деменција.
Не е проблем ако не се сеќавате што се случило
Готово на секој му се има случено да испие премногу и утредента да не се сеќава што правел, но ако тоа е зачестена појава тогаш постои причина за грижа. Всушност станува збор за труење со алкохол, т.е. пиење на толкаво количество на алкохол што работата на мозокот е блокирана, што може да допринесе кон настанување на зависност од алкохол, но и привремена смрт.
Светлото пиво е поздраво
Бојата на пивото првенствено зависи од житарката од која е направено, а некои темни видови на пив



